Зеленски ја оцени како историска одлуката на Хашкиот суд за апсење на Путин

March 17, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ја оцени како „историска“ одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, кој го сомничи за воени злосторства за „депортирање“ на деца од Украина.

„Историска одлука, која го означува почетокот на историската одговорност“, нагласи Зеленски во видео објавено на Телеграм.

Претседателството на Украина претходно денеска ја поздрави одлуката на МКС.

„Тоа е само почеток“, рече шефот на кабинетот на украинското претседателство, Андриј Јермак.

Судот во Хаг објави дека советот за претходна постапка утврдил дека постојат „суштински причини да се верува дека секој од осомничените е одговорен за военото злосторство илегална депортација на население и незаконско преселување на населението од окупираните територии на Украина во Русија, на штета на украинските деца“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ненадејно почина познатиот актер Ленс Редик

Следно

Хасани: Како земја која се стреми кон ЕУ, очекувам органите да ги истражат сомнежите кои се појавија во медиумите за Коридорот 8 и 10Д

Latest from Blog

Киро Урдин: Му дадовме уметнички аспект на визуелното решение за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Оваа година мултимедијалниот уметник Киро Урдин е автор на плакатот за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. -Разговаравме со одговорните луѓе од ИФФК „Браќа Манаки“ кои ми посочија дека имаат намера оваа

Божиновска: Македонија ќе биде лидер на Балканот во енергетската транзиција

Министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Сања Божиновска, во своето видео обраќање до глобалниот форум во Картагена истакна дека Македонија е подготвена да покаже лидерство на Балканот во областа на енергетската

„Тајм“ ја посвети насловната страница на Чарли Кирк

Американското списание „Тајм“ одлучи да ја посвети својата насловна страница на убиството на десничарскиот влијателен човек Чарли Кирк. „Доста. Убиството на Чарли Кирк и епидемијата на американско политичко насилство“, пишува на насловната

Крем супа од печена тиква и морков

Состојки: 400 грама тиква (излупена и исечена на коцки) 3 моркови маслиново масло 1 лажичка сенф 1 лажичка кумин ½ лажичка ким 2 лажици куркума ½ лажица мелен цимет 200 мл зеленчуков
Go toTop