Зеленски и Гутереш разговараа за обновување на Договорот за транспортот на жито преку Црно Море

July 18, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес телефонски разговараше со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, за обновување на Договорот за пренос на жито преку Црно Море, еден ден по одлуката на Русија да се повлече од Иницијативата, јавува Анадолу.

Зеленски на Телеграм објави дека тој и Гутереш се согласиле да продолжат да работат со „одговорните земји“ за да се обезбеди глобална безбедност на храна.

„Иницијативата за пренос на жито преку Црно Море мора да се зачува. Се договоривме со г. Гутереш да работиме заедно со одговорните земји за враќање на безбедноста на храната и снабдувањето со храна преку црноморските маршрути“, изјави Зеленски.

Украинскиот лидер претходно рече дека им предложил на Гутереш и на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го продолжат Договорот за жито, или еквивалентен механизам, во трилатерален формат без учество на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека Договорот за коридорот за жито е запрен.

„Русија веднаш ќе се врати на Договорот за жито штом ќе бидат прифатени релевантните услови. Делот од Договорот во врска со Русија не е исполнет“, рече Песков.

Русија бараше отстранување на пречките за рускиот извоз на ѓубрива, со цел да се согласи на уште едно продолжување на Договорот за жито, вклучително и вклучување на државната Руска земјоделска банка во меѓународниот платен систем СВИФТ.

Туркије, ОН, Русија и Украина на 22 јули 2022 година потпишаа Договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црно Море што беа блокирани од војната меѓу Русија и Украина. Оттогаш Договорот неколку пати беше обновен, а на 18 мај беше продолжен за уште два месеца.

Москва ги повлече и безбедносните гаранции за пловидба во северозападниот дел на Црно Море.

Според податоците на ОН, благодарение на овој Договор е обезбеден безбеден премин на повеќе од 32 милиона тони храна од украинските пристаништа.

Светската програма за храна испорача повеќе од 725.000 тони за поддршка на хуманитарни операции, намалувајќи го гладот ​​во некои од најтешко погодените области во светот, вклучително Авганистан, Африкански Рог и Јемен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ansambli “Ibe Palikuqi” do paraqitet në Festivalin Folklorik “Folkfest” në Shkup

Следно

Мирослав Лајчак утре ќе им биде домаќин на главните преговарачи на Косово и Србија, фокусот целосно спроведување на договорот од Брисел

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop