Мирослав Лајчак утре ќе им биде домаќин на главните преговарачи на Косово и Србија, фокусот целосно спроведување на договорот од Брисел

July 18, 2023
1 min read

Претставникот на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, в среда ќе им биде домаќин на главните преговарачи на двете земји.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, го потврди денот на средбата и додаде дека фокусот на средбата меѓу Лајчак, главните преговарачи на Косово, Бесник Бислими и неговиот српски колега Петар Петковиќ, ќе биде целосно спроведување на договорот од Брисел, постигнат на 27 февруари.

Тој додаде дека ќе се разговара и за чекорите за подобрување на состојбата на северот.

„Утре Мирослав Лајчак ќе им биде домаќин на главните преговарачи на двете страни во рамки на  посредуваниот дијалог во Брисел. Фокусот ќе биде ставен на целосното спроведување на договорот од 27 февруари и следните чекори кон деескалација на ситуацијата на северот на Косово“,

напиша Стано.

Европскиот претставник за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, вчера имаше средба со премиерот на Косово, Албин Курти. Лајчак по средбата напиша дека со Курти во Грција имал корисна дискусија и дека разговарале за актуелната состојба на северот на Косово, патот до деескалација, како и спроведувањето на сите договори за дијалогот.

На 10 јули Лајчак и главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими, по средбата во Братислава потврдија дека постигнале договор за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, а еден ден подоцна беа презентирани и конкретните чекори кои предвидуваат повлекување на 25 отсто од косовската полиција од и околу општинските згради на северот, организирање вонредни локални избори на крајот на летото и враќање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски и Гутереш разговараа за обновување на Договорот за транспортот на жито преку Црно Море

Следно

За изгубени случаи на меѓународните судови Албанија треба да плати 214,4 милиони евра

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop