Зеленски го повика кинескиот претседател да ја посети Украина

March 29, 2023
1 min read

Кинескиот претседател не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина, но Пекинг минатиот месец објави план од 12 точки кој нуди политичко решение на украинската криза

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани својот кинески колега Си Ѓинпинг да ја посети Украина, објави денеска новинската агенција Асошиејтед прес (АП).

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски/Фото: Архива

„Подготвени сме да го видиме овде“,

изјави Зеленски во интервју за новинската агенција.

Кинескиот претседател не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина, но Пекинг минатиот месец објави план од 12 точки кој нуди политичко решение на украинската криза.

Ѓинпинг минатата недела престојуваше во тридневна официјална посета на Москва каде што разговараше и потпиша неколку договори со рускиот претседател Владимир Путин. Сепак, разговорите не покажаа напредок околу прашањето за ставање крај на војната во Украина.

Путин по средбата со кинескиот колега изјави дека мировниот план што го нуди Пекинг може да се искористи како основа за ставање крај на војната, но тој е изводлив единствено кога за тоа ќе бидат подготвени Западот и Киев.

Планот на Кина не бара експлицитно Русија да ја напушти Украина, туку повикува на мировни преговори и почитување на националниот суверенитет, без конкретни предлози.

Соединетите Американски Држави (САД) го отфрлија предлогот имајќи предвид дека Кина одби да ја осуди Русија за нејзината инвазија на Украина.

САД велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги зацврсти руските територијални придобивки и ќе ѝ даде на руската војска повеќе време да се прегрупира.

Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Арсовска во увид на реконструкцијата на „Рузвелтова“

Следно

Зеленски: Една западна држава ни донираше противвоздушен систем, кој не функционира

Latest from Blog

По Нова година ќе им се случат големи промени: Два хороскопски знаци на почеток на јануари ќе доживеат голема среќа и сѐ ќе им оди од рака

Почетокот на јануари за нив нема да биде обично продолжување на календарот, туку вистински животен пресврт, оној што долго се чека, па се случува нагло. Два хороскопски знаци ќе ја дочекаат Нова

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и со Синдикатот на Клинички центар. -Со синдикатите сме на иста страна,

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од областа Преспа

Станува збор за завршен настан од проектот “Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“. Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет, и со поддршка

ВКЛУЧУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ ЌЕ ГО ЗАБРЗА ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ, повеќе студенти да студираат на бугарските универзитети

Вклучувањето на Бугарите во уставот на Република Северна Македонија (РСМ) значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија (ЕУ) и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа
Go toTop