Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина

November 16, 2025
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина, ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис, а се очекува природниот гас и енергетиката да бидат во фокусот на средбите, додека пак со одлука на полицијата, во текот на денешниот ден забранети се собири и протести во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.

Посетата на Зеленски на Атина, од безбедносни причини, официјално беше соопштена утрово.

Украинскиот претседател преку Икс најави дека во Грција доаѓа за да потпишат договор за увоз на природен гас.

-Денес веќе подготвивме договор со Грција за гас за Украина, што ќе биде уште една рута за снабдување со гас, со цел што е можно повеќе да се обезбедат увозите за зимата, посочи Зеленски.

Од грчката полиција соопштија дека поради посетата на претседателот на Украина на Атина од 6 часот утрово до 22:00 забранети се собири и протести во центарот на градот како и во неколку атински населби.

Зеленски последен пат во Атина беше при крајот на август 2023 година, кога грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис организираше неформална вечера за лидерите од регионот по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан, а беше поканет и претседателот на Украина. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челзи го договори својот прв трансфер за јануари…2028 година! (ФОТО)

Следно

Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Latest from Blog

Божиновска на средба со „Chevron“ за диверзификација и стабилност во снабдувањето со енергенси

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба во канцеларијата на Chevron Corporation во Вашингтон, посветена на унапредување на енергетската соработка и обезбедување стабилно и диверзифицирано снабдување со нафта

Иранскиот претседател: Над 14 милиони Иранци се подготвени да ги дадат животите за одбрана на земјата

„Повеќе од 14 милиони горди Иранци досега изразија подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран. И јас бев, сум и ќе бидам подготвен да го жртвувам својот живот за

Пешевска: Опозицијата прави евтин театар наместо да се грижи за жените жртви на насилство

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска упати остри критики до колешките од опозицијата за нивното однесување на седницата на Комисијата за еднакви можности. Според неа, наместо суштинска дебата за заштита на жените

Берзата со 19,72 милиони денари промет – НЛБ, Стопанска и Телеком во раст, ОМБ без промена

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 7 април 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,24% и заврши на 10.055,57 поени, додека ОМБ остана непроменет на 130,11 поени. Вкупниот промет на
Go toTop