Зеленски: Армијата побара мобилизација на уште 450-500 илјади луѓе

December 19, 2023
1 min read

Украинскиот претседател нагласи дека за ваква мобилизација ќе бидат потребни речиси 12 милијарди евра

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека армијата побарала мобилизација на уште 450 до 500 илјади луѓе, но дека конечната одлука се уште не е донесена. Украинскиот лидер на прес-конференција во Киев одржана по повод крајот на годината рече дека армијата и владата ќе разговараат за ова „многу чувствително прашање на мобилизација“ и дека потоа ќе биде испратено на разгледување во парламентот.

Мобилизирањето на таков опсег ќе бара и дополнително финансирање, додаде тој.

„Тие предложија мобилизација на дополнителни 450 до 500 илјади луѓе. Ова е многу сериозна бројка. Одговорив дека ќе ми требаат дополнителни аргументи за да го поддржам таквиот потег. Затоа што, пред се, се работи за луѓе, второ, се работи за правичност, одбранбени способности и финансии“,

рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека за ваква мобилизација ќе бидат потребни речиси 12 милијарди евра.

Поранешниот украински министер за одбрана Олексеј Резников минатото лето изјави дека околу милион луѓе се активни во украинскиот безбедносен и одбранбен сектор.

Украинскиот претседател рече и дека Украина ќе добие „повеќе“ од новите американски противвоздушни системи „патриот“, кои се вредни за одбрана од Русија.

„Нема да зборувам за бројките, но повеќе системи ‘патриот’ ќе бидат испратени во Украина за да ја бранат нашата земја во текот на зимата“,

објасни тој.

Зеленски оцени и дека никој не може со сигурност да каже кога ќе заврши војната со Русија, по речиси две години од рускиот напад.

„Мислам дека никој не го знае одговорот“,

рече тој.

Украинскиот претседател додаде и дека не може да се одржат парламентарни избори додека трае војната. Зеленски постојано повторуваше дека одржувањето на избори може да го поткопа единството и дека Русија може да го искористи тоа.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ само за Ковачевски ќе ги отвори сите поглавја од преговорите одеднаш

Следно

Претседателот Пендаровски ги посети транзитниот центар Винојуг на јужната граница на државата и припадниците на Армијата во Млаз Богданци

Latest from Blog

Без промени во енергетскиот систем, следниот „блекаут“ е само прашање на време

Во неделата наутро, голем дел од земјата остана без струја. АД МЕПСО објасни дека прекинот бил предизвикан од низок транзит и мала потрошувачка на електрична енергија за време на ноќта и викендите.

Никушар дан-проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на претседателските избори во Романија

Никушар Дан, проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на повторените претседателски избори во Романија. Тој освои 54% од гласовите, додека неговиот ултрадесничарски ривал Ѓорѓе Симион, кој беше фаворит, обезбеди околу 46% проценти од

„Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, изјави израелскиот министер Смотрич

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич изјави дека ќе го окупираат целиот Појас Газа, велејќи: „Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, рече тој.

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија – Судски совет неправилно гласал

Од Управниот суд ја поништија одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд, поради неправилно спроведена постапка од страна на Судскиот совет. Судот утврди дека Советот не ги разгледал

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани

Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница
Go toTop