Зеленски: 21 000 „Вагнеровци“ досега се убиени во Украина

July 2, 2023
1 min read

Украинскиот претседател тврди дека платеничката група претрпела огромни загуби во борбите во источна Украина. Бројката за која зборува Володимир Зеленски не се однесува и на ранетите припадници на „Вагнер“

Најмалку 21 000 платеници на „Вагнер“ се убиени во борбите во Украина – вели, претседателот Володимир Зеленски. Лидерот на Украина тврди дека приватната воена фирма со која управува Евгениј Пригожин претрпела огромни загуби, особено во источна Украина каде што се бореле нејзините најподготвени формации.

„Нашите војници убиле 21 000 „Вагнеровци“ само во источна Украина. Тоа се огромни загуби за „Вагнер“, чии борци се поранешни припадници на руската армија осуденици кои немаат што да загубат“,

изјави Зеленски за време на прес-конференцијата со шпанскиот премиер Санчез во Киев.

Шпанскиот премиер Санчез и украинскиот претседател Зеленски во Киев

Санчез допатува во Украина како симболичен гест со кој се одбележи почетокот на шпанското претседателство со Советот на Европската Унија. Непосредно пред шпанскиот премиер, во Киев беше и директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, кој се сретна со украинскиот државен врв за да разговара за причините и последиците од неодманешниот неуспешен пуч на „Вагнер“.

Иднината на групата „Вагнер“ засега е нејасна. Разузнавачките информации се дека дел од платениците најверојатно, заедно со Пригожин, заминале во Белорусија каде се подготвува база во која би се стационирале. Белорускиот претседател Лукашенко пред неколку дена изјави дека групата „Вагнер“ и нејзиното знаење би можело да биде искористено за обука на армијата на Белорусија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Управата на Сити подготвува 100 милиони евра за големата желба на Пеп Гвардиола

Следно

„Ричард Трети“ на Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театари

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop