Зелен Хуман Град: Зарем сме во воена состојба за да губиме 5600 животи во државава?

December 27, 2023
1 min read

На денешната седница на Советот на Град Скопје, претставниците од Зелен Хуман Град беа најгласни против предлог буџетот за следната година.

„Зар сме во воена состојба за да губиме 5600 животи во државава? Јас не можам да разберам како може да дозволиме вакви буџети да продожуваат?“, праша советникот од оваа иницијатива, Горјан Јовановски.

Тој дополни: Во овој буџет, каде над 46% е намалена ставката за заштита од животната средина, каде не се објавени детали за воопшто кои проекти ќе се работат, ние НЕМА да го гласаме.

Оваа кутија која симболизира 5600 изгубени животи (што други советници ја тргаа од говорницата зошто вистината им смета), ја оставивме под елката на Град Скопје. Се надеваме таа ќе ги потсеќа дека со популистички мерки воздухот ќе продожи да е загаден, луѓе ќе продолжат да се иселуваат, а тие што не можат, ќе продожат да умираат.

Според Зелен Хуман Град, Буџетот е круцијален документ кој мора да се носи во соработка со граѓаните и со советниците кои ги претставуваат нив. Тоа што ние сега го добиваме е документ изработен без никакво наше учество. За целото ова време додека најважниот документ за скопјани се составуваше зад затворени врати, на градските сектори им беше забрането директно да комуницираат со нас, советниците, посочија од иницијативата. 

 

 

ЗХГ нема да го гласа овој буџет и неговите програми, додека не:

– Се организира средба помеѓу секторите, градоначалничката и сите советници, и буџетот биде заеднички составен

– Се добие т.н. „описен дел“ од буџетот каде што се гледа точно колку средства се планирани за секој проект поединечно

– Се дозволи директна соработка со секторите, без потреба од присуство или зелено светло од градоначалник (нешто што ни следува според деловник)

– Се комплетираат проектите започнати со амандмани од претходните 2 години

– Се вклучат во буџет бројни и ефективни мерки за намалување на аерозагадувањето според барањата на ЗХГ

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната посета на министерот Меџити во Болницата во Битола е уште една потврда дека не се води системска грижа за здравството во кое нема основни лекови и основни инструменти и опрема

Следно

Бектеши: ДУИ ќе победи на изборите во ИЕ 5, ќе имаме 4 пратеници, опозицијата 0

Latest from Blog

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку
Go toTop