Здружението на бизнис жени од Грција обезбеди сместување за роднини на хоспитализираните во Солун

March 18, 2025
1 min read

Сместување за роднините на повредените лица од трагедијата во Кочани, кои се хоспитализирани во Солун, но и транспорт од сместувањето до болниците обезбедува Здружението на бизнис жени од Грција кои веќе имаат на располагање околу 20 соби и кревети.

Претседателката на Здружението Апостолина Цалтабаси во разговор со дописничката на МИА од Атина посочува дека ова е чин на човечност, хуманост, љубов и пријателство, но и најмалку што можеле да направат.

Грчкото здружение има долгогодишна соработка со Здружението на бизнис жени кај нас, а претседателката Цалтабаси објаснува дека кога во неделата наутро дознале за несреќата веднаш стапиле во контакт со нивните колешки во Скопје.

– И ние пред две години со железничката несреќа кај Темпи поминавме исто и знаеме колку е драматично да се загубат толку млади деца и толку неправедно. Ги прашавме веднаш дали можеме да понудиме некаква помош, дали материјално-техничка или што било друго, а во тој момент таму преовладуваше паника, раскажува Цалтабаси за МИА.

Откако го виделе соопштението на претседателката на Здружението на бизнис жени на Северна Македонија Валентина Дисоска, преку кое ги повика сите оние кои имаат потреба од престој во Скопје за да бидат блиску до нивните деца да стапат во контакт со Здружението и откако дознале дека во Солун се пренесуваат деца за лекување ја покренале иницијативата.

– Тоа навистина е чин на љубов, од срце. Најмалку што можевме да направиме е ако биде потребно родителите да дојдат, да им дадеме безбедност, дом, еден кревет, како соседи кои треба меѓусебно да се поддржуваме. Соодветно го информиравме и Конзулатот на Северна Македонија во Солун и Грчката амбасада во Скопје дека и просторот на нашето Здружение, нашиот бизнис хаб во Солун е на располагање на властите на вашата земја ако сакаат да отворат некој вид на оперативен центар за родителите чии деца ќе бидат тука. Ова беше чисто човечки, пријателски чин во чест на 18-годишната соработка и пријателство што го имаме со бизнисменките од Северна Македонија, истакна претседателката на грчкото Здружение.

Цалтабаси објаснува дека засега не се згрижени семејства на повредени, меѓутоа добиле телефонски повици од роднини на повредени за да се информираат.

– Во моментов имаме на располагање околу 20 соби и кревети за сместување на роднини на повредените, а секако потребно е да имаат соодветна потврда или документ да го потврдат тоа, од разбирливи причини. Многу од нашите членови нудат и транспорт од и кон болниците. Сакаме да направиме сè што е можно, за овој тежок момент да биде малку похуман, нагласува Цалтабаси.

Преку МИА, претседателката на Здружението на бизнис жени во Грција, порача дека сите роднини на повредени лица кои се хоспитализирани во Солун, можат да ги контактираат на телефонскиот број 00302310224440 за помош. 

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Денови на жалост во земјава, сочувство за настраданите во Кочани и во Србија, Бугарија, БиХ и Црна Гора

Следно

Две лица повредени во катастрофалниот пожар, утрово пристигнаа во Хрватска

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop