Здружение на судии: Разочарани сме од Уставниот суд кој наместо да ја штити уставноста на законите, се занимава со популизам

July 15, 2024
1 min read

Отфрлањето на иницијативата на Здружението на судии и Судскиот совет за поништување на одредбите од Законот за плати на судии од страна на ставниот суд  е скандалозно, неприфатливо и го урива правниот систем на државата, се наведва во денешното соопштение од здружението на судии. 

Оттаму посочуваат дека како Здружение на судии се разочарани од Уставниот суд кој наместо да ја штити уставноста на законите, се занимава со популизам и носи одлуки кои се директно спротивни на Уставот, притоа создавајќи правна несигурност, со можни далекусежни последици по судскиот систем и правната држава.

Отфрлањето на иницијативата за поништување на одредбите од Законот за плати на судии, кој е донесен на 29 февруари 2024 година, а почнува да се применува ретроактивно од 1 февруари 2024 година, е скандалозно, неприфатливо, го урива правниот систем на државата. Оваа одлука е исклучително опасна за правниот систем, бидејќи овозможува ретроактивна примена на законите, без исклучоци. Па во таа смисла во иднина би се овозможило бројни манипулации, но и злоупотреби при примена на законите кои ги регулираат правата и обврските на сите граѓани, велат од Здружението на судии. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтун: Извојуваната победа е еден од најчесните отпори во историјата на демократијата во Туркије и во целиот свет

Следно

Експерти тврдат дека Олимписките игри во Париз ќе бидат предмет на голем број кибер напади од Русија

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop