Здравствениот дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип го доби најсовремениот ултразвучен систем

October 15, 2025
1 min read

Во Здравствениот дом „Нада Михајлова“ денеска беше презентиран новиот специјализиран ултразвучен (ехо) дијагностички систем, набавен со средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Посетата на установата ја извршија директорот на Фондот за здравствено осигурување, г. Сашо Клековски и заменик-министерот за здравство, г. Јовица Андовски, кои заедно со директорот на Здравствениот дом, д-р Маријан Миленковски, го презентираа новиот апарат со најсовремени стандарди и технологии во дијагностиката.

Овој ултразвучен систем претставува најнова генерација на медицинска опрема, која располага со три сонди – конвексна, линеарна и кардиолошка, овозможувајќи врвна прецизност при кардиолошки, интернистички и невролошки прегледи.

 

„Ова е историски ден за Пробиштип. Ваква инвестиција во здравството – со технологија од највисок ранг и директна корист за пациентите – досега не сме имале,“ истакна д-р Миленковски, додавајќи дека во наредните месеци ќе се одржат и сертифицирани обуки за лекарите специјалисти, со цел професионално и ефикасно користење на новата опрема.

Дополнително, во тек е и испораката на дигитализер за рендген апаратот, кој ќе овозможи дигитални прецизни рендгенски слики и значително пократко време на обработка на резултатите. Новата технологија ќе биде инсталирана и ставена во функција во текот на следниот период.

Овие набавки се дел од континуираните напори за модернизација на здравствената инфраструктура и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, но и за обезбедување поквалитетни, побрзи и подостапни здравствени услуги за сите граѓаните на Пробиштип.

„Фондот продолжува со конкретни инвестиции во здравството во сите општини, затоа што секој граѓанин заслужува современа и навремена медицинска услуга,“ изјави директорот Клековски.

Со оваа набавка, Здравствениот дом „Нада Михајлова“ станува еден од технолошко опремените домови на примарно здравство во источниот регион – уште една потврда дека со одговорно и домаќинско управување, здравството во Пробиштип оди напред.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хегсет побара од сојузниците на НАТО да обезбедат повеќе средства за американско оружје за Киев

Следно

Божиновска: АФД официјално партнер на Инвестициската платформа за енергетска транзиција

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: ЕБОР како клучен партнер во инфраструктурните проекти

Силниот фокус и посветеност на Владата во реализацијата на капиталните инвестиции денес беа потврдени на средбата со Елена Гордеева, директор за инфраструктура во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), и претставникот

Инспектор на ДЗС изнесе страшни детали за „Пулс“: хидрантот празен, помошната врата заклучена со катанец

Стравични детали за безбедносните пропусти во кочанскиот клуб „Пулс“ откри денешното рочиште преку исказот на инспекторот од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Увидната екипа по пожарот затекнала состојба која не остава

Проданоски: Почна испораката на 9 нови комунални камиони за Прилеп

Општина Прилеп го доби првото од вкупно девет специјализирани комунални возила за собирање и транспорт на отпад, во рамки на Регионалната програма за управување со цврст отпад, информираше градоначалникот Дејан Проданоски. Станува

Битола отвора можност за работа: 18 лица ќе бидат ангажирани шест месеци

Општина Битола го објави јавниот повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 18 лица невработени ниско квалификувани и со средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените

Нова фаза за гасниот интерконектор со Грција: Решени 96% од имотно-правните постапки

Проектот за изградба на гасниот интерконектор со Грција влегува во нова фаза на реализација. Завршени се 96% од постапките за експропријација на земјиштето долж трасата на гасниот интерконектор со што се создаваат
Go toTop