Здравковски: Владата и Министерството за економија се во постојан дијалог со сите засегнати страни, ќе донесеме сет економски мерки прифатливи за сите

February 17, 2025
1 min read

Во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски кој зборуваше за стандардот на граѓаните, потрошувачката кошничка притоа ставајќи го во фокусот интересот на граѓаните пред сè во насока на заштита на животниот стандард.

Пратеникот Здравковски ги образложи бесмислените мерки кои ги предлага опозицијата во однос на ДДВ-то на струјата, бидејќи токму тие за време на нивното седумгодишно владеење ја покачиле цената на струјата, па наведе дека е тотален апсурд СДС, сега да бараат намалување на истата.

„Прва работа ДДВ-то на струјата, ние го баравме да се намали кога бевме во опозиција и дополнително во периодот кога беше СДС на власт тие ја покачија струјата за 100%, од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт во август и во јануари вкупното покачување е 1,48 така да ова со 30% покачување е напамет зборување сметам дека ете регулаторот ја покачува цената не ја покачува опозицијата или власта, во овој момент сметам дека сè уште е рано за такво нешто, дополнително секоја мерка којашто се носи, којашто би требало директно да влијае на граѓаните треба да се носи со сите чинители во процесот на формирање на цените, тука пред сè граѓаните мораат да бидат вклучени“, вели Здравковски.

Во однос на активностите кои ги има предвид Владата, пратеникот посочи дека нема да се прифати замрзнување на цените, и дека Министерството за економија работи на тоа сите засегнати страни да бидат вклучени и да се донесе соодветна прифатлива мерка.

„Не прифаќаме замрзнување на цени затоа што после тоа прави бум, дополнително притисокот од синдикатите да речеме и ова што го бара опозицијата со зголемување на минималната плата ќе направи многу голем трошок на стопанствениците производителите за храна за дополнително ги зголемат цените. Пак ќе повторам Министерството за економија во рамки на Владата нормално, има комуникација и е во постојан дијалог со сите засегнати странки мораме да донесеме мерка којашто ќе биде прифатлива за сите“, рече Здравковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлогот за разрешување на Коцевски утре на седница на Влада

Следно

Е. Пелистер потпиша со Давид Брестовац

Latest from Blog

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги
Go toTop