Е. Пелистер потпиша со Давид Брестовац

February 17, 2025
1 min read

Нов член на македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер е младиот голман Давид Брестовац, инаку син на македонската легенда и поранешен селектор Данило Брестовац.

Давид потпиша договор на две ипол години и наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

„Процесот на доведување млади македонските ракометари во нашите редови продолжува. Давид Брестовац е нов член на Еурофарм Пелистер и се обрвза на две ипол годишен договор со нашиот клуб. Се работи за 20-годишен голман, кој доаѓа од ракометно семејство, и веќе има меѓународно искуство. Бранејќи за Котбус и Волф Вирцбург, Брестовац стекна драгоцени минути во нозете. Тој се наметна и носејќи го дресот на македонската младинска репрезентација, со која настапи и на големи натпреварувања“, се вели во објавата на македонскиот шампион.

Официјалното претставување е предвидено деновиве, по пристигнувањето на Брестовац во Битола.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Здравковски: Владата и Министерството за економија се во постојан дијалог со сите засегнати страни, ќе донесеме сет економски мерки прифатливи за сите

Следно

Собраниската комисија донесе заклучок за надзорната расправа за аерозагадувањето, ќе го достави до Гаши

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop