Заврши заложничката криза во Холандија, ослободени сите заложници

March 30, 2024
1 min read

АМСТЕРДАМ (АА) – Заложничката криза во Холандија заврши откако се ослободени сите заложници држени во кафулето, соопшти полицијата, пренесува Анадолу.

„И последниот заложник е ослободен, едно лице е уапсено“, објави полицијата на платформата Х, додавајќи: „Во моментов не можеме да споделиме повеќе информации“.

– Што се случи?

Неколку лица беа држени како заложници во објект во градот Еде, во централна Холандија, соопшти утрово полицијата.

Голем број полицајци и противпожарни возила беа испратени во подрачјето на кафулето во Еде.

Евакуирани се и стотици куќи во околината.

„Луѓе во кафуле во градот Еде се земени како заложници, инцидентот не е од терористичка природа“, објави холандската полиција на Х.

Полицијата побара од луѓето да се држат подалеку од центарот на градот и да не одат во близина на кафулето.

Околу 150 куќи во областа се евакуирани како мерка на претпазливост, луѓето се евакуирани на безбедно место, соопшти полицијата.

Претходно полицијата извести дека рано утрово биле ослободени тројца заложници, но дека инцидентот сѐ уште трае.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанската полиција спречи шверц на артефакти и икони

Следно

Гласачите во Туркије утре бираат нов состав на локалните власти на мандат од пет години

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски
Go toTop