Заврши евалуацијата на повеќе од 110-те повредени во клубот „Пулс“ кои се лекуваа во болниците во странство

May 25, 2025
1 min read

Тимот од лекари специјалисти од клиниките во Скопје, што во изминатите неколку денови престојуваше во Општата болница со проширена дејност во Кочани, ја заврши евалуaцијата на состојбата на повредените од пожарот во клубот „Пулс“.

Прегледани се повеќе од 110 пациенти кои претходно се лекуваа во болниците во странство, а сега имаат секојдневна физикална терапија и преврски на повредите во Болницата.

Според директорката на Општата болница Кристина Серафимова, дополнително на прегледот за евалуација се јавиле и повредените кои беа хоспитализирани на клиниките во државата. Во наредните денови специјалистичкиот тим треба да изготви извештај по што ќе се знае во каква состојба се сите пациенти по два месеца од трагичниот настан.

Здравствените работници заедно со волонтерите од „Support Kocani“ се ангажирани на обезбедување соодветна финансиска и медицинска помош за повредените.

– Констатиравме дека некои од повредените што се вратија од лекување имаат отворени рани, а дел се со покомплицирани повреди, поради што неопходна ќе биде дополнителна пластична операција. Нашата болница не располага ниту толку со кадар, ниту со некоја специјална опрема, па нашиот најголем страв е да не се случи некаков проблем со инфекции, да не се искомплицира состојбата со некоја бактерија и да не дојде до сепса. Веќе имаше неколку случаи при преврските на повредите, да се откине дел од кожата, за што потврда добивме од некои од повредените, истакна Иван Ивановски од „Support Kocani“.

Во Општата болница во Кочани во моментот физикална терапија добиваат 40 повредени заради намалување на проблемите со движењето на зглобовите на екстремитетите, а уште 70 пациенти имаат преврски на изгорениците. Лекувањето на голем број од пациентите ќе трае неколку години и тие не смеат да ги изложуваат повредите на сонце и надворешни влијанија.

Најголем проблем во Општата болница и понатаму останува недостигот од здравствен персонал, главно медицински сестри. На тимот здравствени работници од Кочани им помагаат и лекари, физиотерапевти, инструментарки од болницата од Штип.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се огласија и од грчки АЕК

Следно

Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи

Latest from Blog

Солзите на Роналдо: Крај на сите надежи дека ќе се оствари најголемиот сон! (ФОТО)

ФОТО:printscreen За да бидеш најдобар на сите времиња, секако дека треба да освоиш и светска титула со својата репрезентација. Тоа го имаат Пеле, Марадона, Меси, но не Кристијано Роналдо. Ова е “Последниот

Обединетите Арапски Емирати ДИСКРЕТНО ГРАДАТ ВОЕНА БАЗА ВО НЕПРИЗНАЕНА ДРЖАВА

Далеку од очите на јавноста, на работ на Бербера, градежните работи се во полн ек. Крајбрежниот град во самопрогласената Република Сомалиленд, најпознат по своето ново пристаниште, економскиот крвоток на територијата, има уште

Утре нов обид за договор за Изборниот законик

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат

Проданоски: Плоштадот „Александрија“ вечерва во знакот на фудбалот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“
Go toTop