ЗАВРШИ ДОМИНАЦИЈАТА НА ВЕНЕЦИЈА, ОСКАРИ ОСВОЈУВААТ ДОБИТНИЦИТЕ НА ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН

March 4, 2025
1 min read

Годинашните Оскари беа уште една одлична година за Канскиот филмски фестивал, со оглед на тоа дека „Анора“, кој освои пет награди меѓу кои најдобар филм, најдобра режија и најдобра актерка, лани победи во Кан и стана четвртиот добитник на Златна палма што освоил и Оскар за најдобар филм.

Историјата покажува дека Академијата за филмска уметност и наука ги фаворизираше филмовите што ќе се прикажат на Венецискиот филмски фестивал, што се смета за неофицијален почеток на сезоната на награди. Изминатите години по премиерите во Венеција, филмовите како „Бирдмен“, „12 години ропство“ , „Земја на номади“, „Под лупа“ и „Обликот на водата“, сите освоија Оскар за најдобар филм. Но, во последно време, сѐ повеќе се чувствува влијанието на Кан.

Минатата сезона, филмовите како „Зона на интерес“, „Убијци на цветната месечина“, „Анатомија на падот“, „Совршени денови“, „Четири ќерки“ и „Роботски соништа“, после Кан или добија номинација или Оскар.

Годинава не беше само „Анора“, меѓу другите големи победници во Кан беа и „Проток“, „ Супстанција“ и „Емилија Перез“, додека меѓу номинираните беа „Приправник“, „Семето на светата смоква“, „Девојката со игла“ и краткиот „Човекот што не можеше да молчи“.

Со девет победи од 31 номинација, се верува дека е рекордна година на Оскарите за филмови од Кан. Тоа е голема бројка во споредба со филмовите кои се прикажаа на Венецискиот филмски фестивал, како на пример „Бруталист“ и „Уште сум тука“ , кои добија 3, односно 1 Оскар, но големите фаворити како „Бејбигрл“, „Соседната соба“ и „Џокер: Лудило за двајца“ не успеаја да ја импресионираат Академијата. Дури и „Марија“ со Анџелина Џоли имаше само една номинација за Оскар.

Пресвртот кон Кан почна да се забележува во 2020, кога „Паразит“ стана првиот добитник на Златна палма после „Марти“ од 1955 година. Како прв филм на странски јазик што го освои Оскарот, тој стана и симбол на нова, поглобална Американска филмска академија.

Со промените направени во базата на гласачи во последниве години, повеќе од 75 земји сега се претставени со 20 оттсо кои живеат надвор од САД.  После  „Паразит“, кандидатите за Оскар за странски јазици се во пораст, а многу од нив доаѓаат директно од Кан.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АХВ: Најдени колиморфни бактерии во минерална вода увезена од Косово

Следно

Солунската и македонската филхармонија со концерти во Скопје и Солун

Latest from Blog

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете
Go toTop