Заврши доказната постапка во судскиот процес поврзан за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај

April 22, 2025
1 min read

Денеска заврши доказната постапка во повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица.

Во текот на денешната главната расправа прво се читаа искази на сведоци на Обвинителството дадени во првиот судски процес, а потоа се прочитаа и три искази дадени на сведоци предложени од одбраната на обвинетите.

Кога судијата Реџеп Муса констатираше дека заврши доказната постапка ги праша сите страни во процесот дали може да се продолжи расправата со завршен збор.  Адвокатот Илчо Гавровски, бранител на обвинетиот Бесими, побара одбраната да добие препис на електронски докази, што беше одбиено од судот. Судијата обраложи дека истите електронски докази веќе биле репродуцирани на 18 март 2025 и дополнително барање за издавање на препис на такви докази е во спротивност на начелото за ефикасна и економична постапка.

По барање на адвокатите на бранителите и согласност на полномошниците на оштетените и Обвинителството, судот определи завршните зборови да се искажат на 12 мај со почеток во 10 часот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Метеорскиот дожд Лириди го осветли небото во близина на Анкара

Следно

Ватикан: Причината за смртта на папата Франциск е мозочен удар

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и
Go toTop