Заврши 12. Културно – забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца

July 29, 2023
1 min read

Со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“ од познатиот охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски синоќа во Трпејца беше затворено 12. Издание на манифестацијата „На зајдисонце“.

Публиката покажа интерес за портретите на 32 омилени актери ( по 16 машки и женски ) , ѕвезди од минатиот век од златното време на Холивуд чии филмски улоги се паметат и денес.

Тоа се нови портрети кои Симјаноски ги изработил во техниката графика со молив и значат враќање на неговите почетоци во уметноста од времето на средното училиште.

-Изложбата е резултат на големата љубов што ја имам кон филмот,а како круна на она што се занимавам со сликарството, па споив една целина. По изложбата во Охрид,  среќен сум што портретите на редица филмски легенди, како на пример: Џон Вејн и Мерлин Монро стигнаа и пред  публиката во Трпејца, рече Симјаноски.

Паралено со изложбата публиката уживаше и во музичките парчиња од култните  филмови: „Продавачка на темјанушки“, „Казабланка“, „Рио Браво“, „Некои тоа го сакаат жешко“ и „ Однесено од виорот“.

Синоќа беа доделени и наградите за најдобри фотографии од конкурсот „Трпејца низ објективот на туристите“. Наградени се Марјан Ангеловски и Весна Константинова од Скопје.

Угостителот Марјан Митрески – Мац, член на Здружението – организатор на летото ги покажа и своите актерски афинитети сврзани со слатките маки на трпејчани среде сезоната.

Во овој завршен преглед на културното лето во Трпејца потсетуваме дека во понеделникот на 24 јули публиката имаше убава журка со бендот 3.0 ( три промили ).

Следниот ден беше резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Во вторникот вечерта се одржа прошетката „Со кајче по езерото“.

Посебно атрактивна за гостите и мештаните беше трката со куфери по скалинадата во Трпејца и интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од  културното лето во Трпејца беше резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери на радост на бројната публика маестрално ја одиграа претставата „Пепелашка од Охрид“.

И годинава манифестацијата беше во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ под покровителство на општина Охрид потпомогната од  спонзори од Трпејца, Охрид и Скопје.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Икарди ќе потпише договор на три години со Галатасарај

Следно

Во голема експлозија во магацин за средства за огномет загинаа најмалку девет лица во Тајланд

Latest from Blog

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за
Go toTop