Затворски полицаец за 250 евра му овозможил на Јованов мобилен телефон

February 2, 2025
1 min read

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов денеска изјави дека мобилниот телефон Васил Јованов го набавил од друг притвореник од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец, кој го овозможил тоа.

-Сознанието е дека убиецот на Фросина телефонот го обезбедува од друго притворено лице од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец кој што од едната ќелија носи кутија со колачи во собава каде што се наоѓа Васил Јованов. За тоа е направено плаќање од 250 евра надвор на братов на лицето кое што му го обезбедило телефонот. Тие телефони се одземени, изјави Пандов за Канал 5.

Директорот на Управата додаде дека против лицето е поднесена преставка и истото ќе биде суспендирано.

-Во моментов е еден, меѓутоа не е еден, јас сум сигурен дека повеќе се вклучени во овој синџир, нагласи тој.

Јованов, кој ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова го добил телефонот од друг притвореник во затворот Шутка, откако негов роднина дал пари на братот на притвореникот, кој му го обезбедил телефонот.

На осомничениот за смртта на Фросина, 20-годишниот Јованов му е одреден притвор од 30 дена, а според Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, тој на 29 јануари, поминувајќи на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, ја прегазил Кулакова која на обележан пешачки премин ја преминувала коловозната лента на бул. „Партизански Одреди“. Јованов доби притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание во постапката. Според обвинителството, тој бил под дејство на алкохол и без возачка дозвола кога ја прегазил Фросина на пешачкиот премин на „Партизанска“.

Пандов и вчера потврди дека кај 20-годишниот возач е пронајден мобилен телефон и најави дисциплинска постапка откако ќе биде утврдено кој го обезбедил телефонот, иако, како што рече, се сомнева дека се повеќе вработени лица.

Од семејството на починатата Фросина вчера побараа од Министерството за внатрешни работи да го најде одговорниот кој му дал телефон на Јованов, откако фотографија од него со мобилен телефон додека е во притвор почна да се споделува на социјалните медиуми.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје

Следно

Во две спасувачки акции на Шара, спасени 6 лица

Latest from Blog

Ердоган до Руте: Турција работи на обновување на преговорите меѓу Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави пред генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека Анкара вложува напори за обновување на преговорите меѓу Русија и Украина и оти очекува Алијансата да преземе поголема

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

Срам ми е кога ги носам децата на училиште, кога прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор, рече Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, во вечерашната дебата во „Топ тема“
Go toTop