Затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, е претседателски кандидат на опозициската ЦХП

March 24, 2025
1 min read

Турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) го номинираше градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу за претседателски кандидат на  изборите во 2028 година, и покрај неговото апсење, соопшти денеска партијата на којашто припаѓа Имамоглу.

ЦХП, главната опозициска сила во Турција, вчера одржа партиски избори за да именува претседателски кандидат.

Имамоглу, главниот противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше единствениот партиски кандидат.

Градоначалникот вчера беше одведен во затворот Силиври, западно од Истанбул, заедно со неколкумина сообвинети за корупција.

Неодамнешното апсење на Имамоглу предизвика протести во Турција каде беа уапсени неколку стотици луѓе во девет градови.

Поддржувачите на опозицијата изјавија дека протестите ќе продолжат.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шкупи го повлече бројот 77 во чест на починатиот Андреј Лазаров

Следно

Делумно ставен под контрола шумскиот пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија

Latest from Blog

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop