Затворени гласачките места на парламентарните избори во Косово

February 9, 2025
1 min read

Со затворање на избирачките места во 19 часот, заврши и гласањето на парламентарните избори во Косово, јавува Анадолу. Според последните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК), до 15 часот своето право на глас го искористиле 28,32 отсто или 558.246 од вкупно регистрираните 1.970.944 гласачи.

Вкупниот број на косовски граѓани со право на глас изнесува 2.075.868 гласачи, од кои денеска во границите на Косово, од 7 до 19 часот, имаа можност да гласаат 1.970.944 гласачи.

Во однос на гласањето надвор од Косово, право на глас имаа 104.924 граѓани кои живеат во дијаспората, кои имаа можност да го остварат ова право од 9 јануари до 8 февруари.

Косовските гласачи можеа да гласаат во 941 гласачки центар низ земјата. Вкупно 28 изборни листи со вкупно 1.280 кандидати заверени од Централната изборна комисија (ЦИК) беа дел од изборната трка за 120 пратенички места во косовскиот Парламент . Меѓу 28-те изборни листи, 20 беа политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Бројот на набљудувачи во овој изборен процес изнесува над 18 илјади. Процесот го следеа и над 100 набљудувачи на Европската Унија, од 18 различни земји на ЕУ, на покана на косовската претседателка Вјоса Османи.

Редовните парламентарни избори во Косово се одржаа за прв пат од 2007 година. Во меѓувреме петпати се одржаа предвремени избори.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлози на СДСМ: Заострувањето на казните за најтешките прекршоци во сообраќајот коишто дури ќе вклучуваат и одземање на возилото

Следно

Курти води на изборите во Косово, но ќе има проблем да состави влада

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop