Засилени контроли: Вчера казнети 29 возачи без дозвола, 4 пијани и 79 кои брзо возеле

February 6, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вечерва, ги посети полициските службеници кои учествуваат во засилените сообраќајни акциски контроли на булеварите во главниот град.

Како што стои во објавата на неговиот Фејсбук профил, сообраќајните акциски контроли се фокусирани на булеварите, бидејќи тие се црните точки каде најчесто се случуваат сообраќајните несреќи и се одземаат човечки животи.

– Упатувам апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да бидат внимателни, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не управуваат возила надвор од дозволената брзина, да не поминуваат на црвено, да не забрзуваат на жолто, да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи највредното нешто што го имаме во државата се луѓето, односно човечкиот живот, стои во објавата.

Статистички, додава Тошковски, најголем број сообраќајни прекршоци се со возење со брзина поголема од дозволената. Вели само во текот на вчерашната вечер санкционирани биле 360 учесници во сообраќајот, од кои 29 возачи управувале без возачка дозвола, четворица управувале под дејство на алкохол, додека 79 возачи возеле со брзина поголема од дозволената.

– МВР ќе преземе голем број дејствија во рамки на надлежностите и ќе делуваме максимално активно и превентивно во дејствијата кои може да се преземат од наша страна. Минатата година има 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа се страшни бројки. Сите како општество мора да се фокусираме тие бројки да се намалат. Имаме начин како да се намалат овие бројки, вели министерот.

Нагласува дека Министерството за внатрешни работи интензивно работи на имплементација на проектот „Безбеден град“, кој вели ќе прерасне во „Безбедна држава“.

– Овој проект апсолутно ќе помогне во зачувување на човечките животи и во зголемување и имплементирање на сообраќајна култура која ни е потребна. Сигурен сум дека во иднина со макотрпна работа, реализација на планираните проекти и усогласување на законската регулатива ќе имаме значително помали бројки на жртви од сообраќајни незгоди, стои во објавата на Тошковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ако го укинеме Тик-ток ќе го направиме поатрактивен, а децата не ги спречува ништо да најдат друга апликација“, рече Андоновски

Следно

Откриен идентитетот на сирискиот свиркач „Цезар“ кој ги разоткри злосторствата на режимот на Асад

Latest from Blog

Мурињо е против: Нови моменти околу најавениот трансфер на Винисиус во Арсенал!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Една од најголемите трансфер саги ова лето се однесува на Винисиус Жуниор и неговиот потенцијален трансфер од Реал Мадрид во Арсенал. Сега се појавија нови детали околу трансферот на Бразилецот во

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на партијата и пратеник Реџеп Исмаил, денеска положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на Илинден. Во делегацијата беа и

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол

Коњановски од Трново: Да се вратиме дома и заедно да ја развиваме Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на 55. Семакедонска средба што традиционално се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, испраќајќи порака за единство,
Go toTop