Засилени контроли на возила, забрана за тешки товарни, намалена употреба на службени: Владини мерки за намалување на аерозагадувањето

November 21, 2024
2 mins read

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека Владата на Република  Македонија, дека со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните и намалување на емисиите на загадувачки супстанции при алармантно загадување на воздухот, усвои Акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции, согласно кој донесе Наредба за воведување на мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции при надминување на праг на информирање.

Во рамките на оваа Наредба, се воведуваат следниве мерки:

Зајакнати контроли на возилата: Министерството за внатрешни работи – Сообраќајна полиција ќе спроведе засилени и вонредни контроли на возилата со цел утврдување на техничката исправност на возилата за емисијата на испусните гасови. Ова ќе помогне во намалување на загадувањето од сообраќајот.

Посебен сообраќаен режим за тешки товарни возила: Општините и Градот Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе обезбедат посебни сообраќајни режими за тешките товарни возила, насочувајќи ги кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини.

Забрана за дотур на стока и транспорт на градежни машини: Општините и Градот Скопје ќе воведат забрана за дотур на стока и транспорт на градежни машини како што се багери, булдожери и виљушкари во периодот од 7:30 до 18:00 часот. Оваа мерка е со цел да се намали сообраќајниот метеж и емисиите во најфреквентните часови. Министерството за внатрешни работи е задолжено да изврши контрола на спроведувањето на оваа мерка.

Намалување на употребата на службени возила: Сите органи на државна управа, агенции, фондови, бироа, заводи, јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, како и единиците на локалната самоуправа, се задолжени да ја намалат употребата на службените возила до 50%. Оваа мерка има за цел да го намали службениот сообраќај и емисиите од него.

Ослободување од работни обврски на ранливи групи: Министерството за економија и труд, во соработка со Министерството за здравство, ги задолжува сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски:

Бремените жени; лицата постари од 60 години; лицата со малигни заболувања, хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без оглед на возраста, со препорака од матичен лекар.

Реорганизација на работното време и обезбедување заштитни маски: Сите правни субјекти (работодавци) се задолжени да го реорганизираат работното време за лицата кои работат на отворено. Работните активности треба да се извршуваат во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Дополнително, работодавците се должни да обезбедат заштитни маски тип КН95 или најмалку ФФП2 за своите работници.

Намалување на капацитетот на инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола: Инсталациите кои поседуваат А- интегрирана еколошка дозвола се задолжени да го намалат капацитетот на производство. Притоа, треба да се внимава со ограничувањата да не се прекине или значително намали технолошкиот процес кој се одвива континуирано, или дејноста која би предизвикала значителна штета за правниот субјект или негативно влијание врз животната средина и јавните услуги. Исклучок од оваа мерка се инсталациите кои произведуваат топлинска и електрична енергија.

Вонредни контроли на инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола: Државниот инспекторат за животна средина ќе започне со вршење на вонредни контроли на инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола. Ќе се спроведат контролни мерења на емисиите во воздух со акредитирани методи за да се утврди дали се применуваат пропишаните услови и мерки во дозволите.

Вонредни контроли на правните субјекти со Б интегрирана еколошка дозвола и елаборати: Државниот инспекторат за животна средина и овластените инспектори за животна средина се задолжени да започнат со вршење на вонредни контроли на правните субјекти кои поседуваат Б интегрирана еколошка дозвола и елаборати, со цел да се осигура усогласеноста со еколошките стандарди.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Засилени контроли и рестрикции: Акцијата против загадениот воздух започнува

Следно

Најмалку 88 Палестинци се убиени во два израелски воздушни напада врз северниот дел на Газа

Latest from Blog

Трамп: По разговорите со турскиот претседател и саудискиот престолонаследник, САД ќе ги укинат санкциите врз Сирија

ИСТАНБУЛ (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) ги укинуваат санкциите врз Сирија за да промовираат „нов почеток“ за земјата, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу. Говорејќи на самитот на земјите

Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди, во моментов нема разговори за размена на ресори

И по излегувањето на Арбен Таравари од Владата, кој го имаше и министерското место за здравство, Биљал Касами изјави дека овој ресор останува кај ВЛЕН, јавува репортерот на ТВ21. Како што рече

Македонскиот оркестар FAME’S настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток во Абу Даби

Македонскиот оркестар, дел од проектот FAME’S, настапи на гламурозната свеченост по повод официјалната најава за изградба на првиот Дизни тематски парк на Блискиот Исток, кој ќе се наоѓа на островот Јас, Абу

Во Македонија се увезува сè – дури и месото

Македонија, иако традиционално аграрна земја, денес увезува околу 70 отсто од своите земјоделски производи. Долгогодишните слаби политики и недоволно ефективни мерки го ослабија домашното производство и ја направија земјата увозно зависна дури

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот
Go toTop