Засилени контроли и тестирање за големата кашлица, препорачува Комисијата за заразни болести

March 5, 2024
1 min read

Засилени испекциски контроли од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во градинките за да се детектираат невакцинираните деца препорача деенска Комисијата за заразни болести. Како што информираше д-р Злате Мехмедовиќ портпарол на КЗБ по одржаниот состанок  на кој што се дискутирало за состојбата со голема кашлица, препораките треба да важат на целата територија на државата, иако епидемија е прогласена само на територијата на градот Скопје.

– Во Македонија вкупно до денес имаме 123 заболени лица со пертусис, од кои 109 лица се во град Скопје. Оправданоста на епидемијата која е прогласена во Скопје доби потврда, но добро е што големата кашлица не се разгорува на национално ниво што е добро. Детектирано е само по еден случај од Дебар,Тетово и Струмица, кажа д-р Мехмедовиќ

Тој потести дека вакциналните пунктови работат во две смени и се аплицирани 22.395 дози вакцини. Вакцинацијата се одвива добро и ќе продолжи со исто темпо.

-Препорачуваме Државнот санитарно-здравствен инспекторат да го засили инспекцискиот надзор на територијата на Град Скопје, да добиеме пореална слика дали се почитува препораката на Комисјата дали се примаат или не се примаат невакцинирани деца во градинките, посочи д-р Мехмедовиќ.

Тој дополни дека неоходно е да се подготви детална евиденција за вакцинација која ќе даде реална слика кои деца не се вакцинирани или се делумно.

Комисијата за заразни болести препорача да се овозможи тестирање на територија на цела држава за пертусис, досега таква можност немаше. За  таа цел се очекува на 15 март  да пристигнат вакцините за возрасните лица. Приоритет  за вакцинација ќе имаат возрасните кои што живеат со мали деца, вработени кои што работат со мали деца и бремените жени во третиот циклус од бременоста.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана информираше дека на нивната клиника досега се прегледани 12 случаи каде што е детектирано голема кашлица. Тој потсети дека за возрасните лица болеста не е тешка и постои соодветна терапија.

 

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европската унија засилено вложува во воената индустрија

Следно

Проблемот со регрутирање нови војници за фронт што го губиш

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop