Засега, повеќе странски од домашни набљудувачи за изборите

April 15, 2024
3 mins read

Амбасадите на Холандија, Албанија, Унгарија, Државната изборна комисија на Црна Гора и Централната на Косово, се дел од досега акредитираните странски набљудувачи на претстојните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија.

На списокот се и претставници на Центарот за континуирани обуки во изборите од Молдавија, како и канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС во земјава.

Бројот на странски набљудувачи од овие организации и земји кои добиле акредитација од Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со 11 април изнесува 36.

Мониторинг како и досега ќе врши и Канцеларијата за демократски институции и човекови права – ОБСЕ/ОДИХР од каде самите најавија дека за двојните избори ќе имаат 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи. Досега, од ОБСЕ/ОДИХР акредитации добиле 73-ца.

Од домашни организации, пак, засега единствен акредитиран со 29 набљудувачи е Центарот за безбедносни истражување.

Пријавувањето набљудувачи започна од денот на распишување на изборите, а рокот завршува десет дена пред денот на гласање. Со оглед дека за претседателските избори гласањето е на 24 април, пријавувањето заврши на 13-ти, додека за парламентарните ќе трае до 27 април.

ДИК, пак, за седум дена од приемот на барањата треба да издаде овластување. Ако се земат предвид ваквите рокови, очекувањата се дека финалниот број на набљудувачи ќе се зголеми.

„Напомнуваме дека во моментов сè уште се обработуваат доставени барања за акредитации кои ќе бидат предмет на потврдување на наредните седници на Државната изборна комисија“, велат од ДИК.

На минатите претседателски избори во 2019 година, вкупниот број на акредитирани меѓународни набљудувачи од ДИК изнесувал 520, плус 289 преведувачи. Домашни, пак, биле 3.381.

На парламентарните што се одржаа во 2020 кога имаше пандемија со ковид-19, меѓународни биле 102 набљудувачи со 56 преведувачи, а домашни 2.551.

Засега, домашни набљудувачи само во „четворката“

Центарот за безбедносни истражување, кој е единствениот што досега има акредитирани домашни набљудувачи, ќе врши мониторинг само во една од вкупно шесте изборни единици. Ова ќе им биде прво искуство со изборите, а извршниот директор на Центарот, професорот Александар Нацев, посочува дека станува збор за пилот-проект насловен „Безбедни избори за безбедна иднина“ поради што решиле да го спроведат само во четвртата изборна единица.

„Имаме вклучено неколку лица кои работат безбедносна проблематика, кои се веќе вработени по институции или се професори, асистенти што работат безбедносни теми. Сега ни е пилот-проект, планираме да ја покриеме само четвртата изборна единица. Сакаме да работиме со професионалци, не распишуваме јавен конкурс за избирачи. Направивме кратки интервјуа, ги обучивме луѓето“, вели Нацев за Радио Слободна Европа.

Причината зошто како Центар за безбедносни истражувања решиле да се впуштат во ваков проект е тоа што влијанието врз изборите, како што вели, се смета за безбедносна закана.

„Читајќи ги извештаите на ОБСЕ/ОДИХР се гледа дека сè уште има недостатоци, дека изборниот не е баш заштитен од влијанија. Но, и самата методологија на избори уште е несигурна. Сега имаме фингерпринт, но и тоа се забележува дека на многу гласачки места кои се нотирани како критични кога ќе треба да се полнат, го исклучуваат апаратот фингерпринтот“, вели директорот на Центарот.

Тој додава дека друг дел што сакаат да го покријат со нивниот мониторинг е опасноста од поткуп кај ранливите категории, како што се одредени маала во Битола и Прилеп, градови кои се дел од четворката.

Додека овој Центар е единствениот кој засега се акредитирал, на претходните парламентарни и претседателски избори имало набљудувачи од осум односно девет организации. Најбројни биле од Граѓанската асоцијација МОСТ која на претседателските во 2019 имала 2.032, а на парламентарните во пандемиската 2020 била со 1.254 набљудувачи.

ОБСЕ/ОДИХР со клучен тим од 12 луѓе

Кога се во прашање меѓународните набљудувачи, најбројни традиционално на изборите се оние од ОБСЕ/ОДИХР. Амбасадорката Џилиан Стирк од Канада, која ќе ја предводи мисијата, на прес-конференција на 21 март во Скопје соопшти дека ќе имаат и клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји членки на ОБСЕ.

„Станува збор за многу разновидна група. Имаме и други експерти кои работат на изборната администрација, правната рамка, политичката средина, кампањата, политичкото финансирање, финансирањето на кампањата и медиумите“, рече Стирк.

За тоа дали е зголемен бројот на набљудувачи и имаат ли сознанија за можни конфликти, Стирк кажа дека бројот на набљудувачи се заснова на препораките од мисијата за процена на потребите по реализираната посета во јануари годинава.

„Има два вида на избори во ист ден, па не е невообичаено да има голем број на набљудувачи и дека баравме голем број на набљудувачи за двата вида на избори“, рече Стирк.

Како што најави таа, 20-те долгорочни набљудувачи ќе се распоредат во Северна Македонија од 27 април во тимови по двајца – во Скопје ќе има два тима, а по еден во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип. Краткорочните 300, пак, ќе пристигнат пред изборите на 8 мај. Тие ќе ги набљудуваат избирачките места на денот на гласањето и пребројувањето и сумирањето на гласовите.

На мисијата на ОБСЕ ќе и се приклучат и набљудувачи од Парламентарното Собрание на Советот на Европа и од Европскиот парламент за двата избори дена, како и членови на Парламентарно собрание на ОБСЕ кои ќе дојдат само за вториот круг претседателски и за парламентарните избори на 8 мај.

Според Изборниот законик, мониторинг на изборите може да прават домашни здруженија и странски организации кои се регистрирани најмалку една година пред денот на изборите и во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права. Право да набљудуваат имаат и претставници на странски земји.

Претседателските избори годинава ќе бидат седми по ред на кои со непосредно гласање од граѓаните се избира шефот на државата. Парламентарните, пак, ќе 11 од 1990 до денес.

Кампањата за претседателските започна на 4 април и ќе трае до 22 април, кога ќе настапи молк во пресрет на гласањето на 24 април. За парламентарните избори таа ќе започне на 18 април, а ќе заврши на 6 мај на полноќ, пред гласањето на 8 мај.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Втор напад со нож во Сиднеј за 48 часа, насилник нападнал свештеник пред олтарот

Следно

Демиери: Штрајкот на специјализантите е политички мотивиран

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop