Заприла коцкањето преку интернет

September 25, 2024
1 min read

Перо Антиќ и Игор Стефановски Иџе повеќе нема да рекламираат онлајн коцкарници. Но, причината не е заканата на министерот за спорт Борко Ристовски дека ќе им ги укине државните поволности или лошиот имиџ во јавноста. Владата донесе одлука да го забрани овој вид комар.

На последната седница констатирани биле неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување при издавањето лиценци на три странски компании, кои заедно со државната лотарија требаше да организираат онлајн коцкање. Од Асоцијацијата на спортски обложувалници, која од почеток беше против само странски компании да можат да добиваат лиценци за онлајн коцкање, се надеваат дека државата конечно ќе ги донесе подзаконските акти и домашните фирми ќе го прошират бизнисот онлајн.

Владината одлука следува откако на почетокот на јули пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Вреди во Собранието поднесоа барање за автентично толкување на еден член од Законот за игри на среќа. Вицепремиерот Изет Меџити вели дека со оваа одлука ја сопреле можноста децата да имаат коцкарници на своите телефони, во своите компјутери од дома и од училиште. Дали оваа одлука ќе ги погоди спортските легенди Антиќ и Стефановски Иџе кои се појавуваа во релкламите за онлајн коцкање. По најавата дека ќе им се одземе државната помош, сега министерот за спорт и млади Борко Ристовски вели дека за претходниот период тоа нема да се случи.

– Ретроградно не планираме да одземеме ништо. Имавме пријателски и пријатни разговори со Горан Пандев и Игор Стефановски Иџе и дека напорите кои ги правиме како министерство во однос на оваа проблематија, за краток период јавноста ќе има можност да ги види. Во овој момент се е во фаза на разговори, со цел македонското општество на крај да излезе како победник.

Освен Антиќ, Пандев и Иџе, во реклами за коцкарници се појавуваше и ракометната легенда Кире Лазаров. Тој вели дека откако неговиот договор за рекламирање истекол, веќе две години не се појавува на такви реклами. Многу земји во светот имаат рестрикции во рекламирањето комар, а земји како Италија, Шпанија и Англија забрануваат спортисти и спортски клубови да рекмаираат коцкање и обложување. Со последната одлука на владата, сите реклами во медиумите за онлајн коцкање се повлечени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПМФЛ: Гостивар ја победи Шкендија, сите четири останати дуели завршија нерешено

Следно

Израелската авијација и денеска продолжи со нападите на југот на Либан

Latest from Blog

Министерството за финансии: Редовни исплати на плати, субвенции и капитални расходи

Министерството за финансии информира дека трезорот продолжува со редовна исплата на налозите доставени од буџетските корисници до 15 декември 2025 година. Во изминатите неколку денови преку трезорот се реализирани средства за субвенции

Божиновска: Силна и стабилна преносна мрежа услов за зелена и одржлива енергетика

На настанот, Сања Божиновска со почит ја прими благодарницата како признание за партнерството со МЕПСО, нагласувајќи дека најголемото достигнување на еден преносен оператор е кога системот функционира тивко, сигурно и без прекини.
Go toTop