„Запрете го лудилото“, побара генералниот секретар на ОН за климатската криза

October 30, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, за време на денешната посета на регионот на Хималаите во Непал, го повика светот да го „запре лудилото“ поврзано со климатските промени, јавува Анадолу.

„Мора да се погрижиме да го ограничиме порастот на температурата на 1,5 степени. Глечерите се повлекуваат, ние не може да се повлечеме. Мора да продолжиме со климатските активности“, рече тој.

Тој изјави дека во подножјето на Монт Еверест лично го видел страшното влијание на климатската криза на Хималаите.

Гутереш од неделата престојува во четиридневна посета на Непал на покана на премиерот Пушпа Камал Дахал.

Тој се состана со Дахал и други високи владини претставници, вклучително и министрите за надворешни работи и за одбрана.

На заедничката прес-конференција со непалскиот премиер, Гутереш ги повика развиените земји да ја зголемат поддршката за Непал и другите земји што страдаат од последиците од климатските промени.

„Непал е погоден од бура од глобални кризи што не ги создаде: последиците од пандемијата КОВИД-19, инфлацијата и огромната закана од климатскиот хаос“, рече генералниот секретар на ОН.

Ова е прва посета на генералниот секретар на ОН на Непал по преземањето на функцијата на 1 јануари 2017 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државјанин на Полска баран од Интерпол се обидел со фалсификувана лична карта да помине преку Богородица

Следно

Поевинуваат Еуросупер-98, Еуродизелот и Екстра лесното масло 

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop