Започна обновувањето на Пинтија – Ѓорѓиевски на увид во градежните активности

September 23, 2025
1 min read

Градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности во населбата Пинтија, каде започна голема реконструкција на улиците.

Проектот опфаќа вкупна површина од 16.000 м² или 3.300 метри улици, вклучувајќи ги улиците Саса 2 со краци, Саса 4 со краци, Саса 8 и Саса 10. Реконструкцијата се реализира по завршувањето на изградбата на новата фекална канализациона мрежа.

Проектот е вреден 25,5 милиони денари, средства обезбедени преку вториот владин повик за капитални инвестиции со поддршка на Министерството за транспорт и врски, а аплицирани од Општина Кисела Вода. Според планираната динамика, реконструкцијата ќе биде завршена во рок од пет месеци.

Ѓорѓиевски нагласи дека во изминатите четири години се реализирани значајни инвестиции во Пинтија, меѓу кои изградба на спортска сала во дворот на ПОУ „Рајко Жинзифов“, плоштад со детско катче и подготвителни активности за целосна реконструкција и енергетска ефикасност на училиштето.

„Со секој реализиран проект, Пинтија станува подобро и поубаво место за живеење,“ изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека најдоброто допрва доаѓа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ветено и реализирано – Ристовски го отвори новиот базен во Штип

Следно

Историски момент за BNB – токенот достигна над 1.000 долари

Latest from Blog

Земјотрес ноќеска ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 03 часот и 18 минути регистрира земјотрес чии

Во 21 век во Лерин (Флорина) Македонците можат да свират, но не и да пеат

ПРЕСПАНСКАТА СПОГОДБА ВАЖИ САМО ЗА „ВТОРАТА СТРАНА“, ГРЦИЈА НЕ ЈА ПОЧИТУВА Локалните власти во Лерин, на чело со градоначалникот, забранија да се пеат македонски песни: грчката цензура е спротивна на европските и

Музичарите од Северна Грција со поддршка за „Банда Ентопика“ по инцидентот во Лерин

Сојузот на музичари од Северна Грција јавно застана во поддршка на групата „Банда Ентопика“, остро осудувајќи ја одлуката на градоначалникот на Лерин, Василис Јанакис, со која беше прекинат нивниот концерт. Во соопштението,

Скандал во Лерин: СИРИЗА реагира на цензурата врз „Банда Ентопика“

Грчката опозициска партија СИРИЗА остро ја осуди одлуката на градоначалникот на Лерин, Василис Јанакис, со која беше прекинат настапот на бендот „Банда Ентопика“ поради изведба на песна на македонски јазик, оценувајќи ја
Go toTop