Ветено и реализирано – Ристовски го отвори новиот базен во Штип

September 23, 2025
1 min read

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот затворен базен во Штип заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Иван Јорданов.

„Ова е еден од базените кои пред повеќе години беа оставени недовршени. На почетокот на годината ветив дека ќе ја завршиме нивната изградба и ќе ги ставиме во функција на граѓаните – денеска тоа ветување стана реалност,“ изјави Ристовски.

Со ова, граѓаните на Штип добиваат современ спортски објект, а по базенот во Кисела Вода, следуваат и финализации на базените во Кичево, Битола и Ѓорче Петров. Инвестицијата за проектот изнесува 46.735.815 денари со ДДВ.

Ристовски нагласи дека развојот на спортската инфраструктура е клучен за подигнување на здрави генерации и дека Владата продолжува со реализација на капитални проекти.

„Ги исполнуваме ветувањата и стоиме зад дадениот збор,“ додаде министерот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Ана Ивановиќ од бикини до летни фустани

Следно

Започна обновувањето на Пинтија – Ѓорѓиевски на увид во градежните активности

Latest from Blog

Божиновска: Сигурното снабдување со струја и заштитата од ценовни шокови се наши приоритети

Владата ги презема сите мерки за да ги заштити граѓаните од ценовни шокови и да обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во

ВЛЕН: Насилството не може да се оправда со униформа

ВЛЕН бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади од Сарај кои пријавиле малтретирање од полициски службеници и одговорност доколку истрагата утврди пречекорување на овластувањата или прекршување на законот. Од партијата изразуваат
Go toTop