Започна изградбата на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

March 7, 2026
1 min read

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес започна изградбата на новиот универзитетски кампус – инфраструктурен комплекс со модерни услови за наставно – научна дејност и за опфат на поголем број студенти. На поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, вицепремиерот Беким Сали, заменик министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи Шаќири, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, ректорската управа, професорите и другите вработени во универзитетот.

Во своето обраќање пред присутните, министерката Јаневска рече дека оваа инвестиција е значајна за забрзување на развојот на најмладиот државен универзитет и целосно оправдана, со оглед на тоа што и сите други државни универзитети своевремено добиле државна помош при основањето и во текот на нивниот развој.

„Посакувам успешен почеток и реализација на инвестицијата во рокот кој е предвиден во проектната и планска документација – за околу 5 години отсега, односно во 2030та година на ова место да имаме модерен универзитетски кампус во кој нема да биде прашање дали е возможно исполнување на одредбите од новата законска регулатива за високо образование и наука, што е предмет на поширока јавна дебата во моментов. Туку, наставно – научниот кадар ќе ги има сите неопходни услови за научно творење, за ефективна настава и за кариерно напредување, а студентите за развивање на нивниот личен – човечки и академски потенцијал“, рече Јаневска.

Министерката посочи дека од секоја инвестиција се очекува и некаков повраток, па така и од оваа инвестиција се очекува универзитетот да прерасне во модерна образовна и научна институција чиј кадар, доволно мотивиран ќе даде придонес во развојот на високото образование и науката и ќе гради нови студентски генерации со вистинско знаење и применливи вештини, без кои не е возможен општествено – економски напредок.

„Ова е инвестиција во јакнење на моќта, на автономијата и на општествената улога на високообразовната установа во процесот на транзиција и приклучување на земјата кон друштвото на поразвиените“, додаде Јаневска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

Следно

Силни торнада ги подогија САД- загинаа најмалку четири лица, десетици се повредени (ВИДЕО)

Latest from Blog

Силни торнада ги подогија САД- загинаа најмалку четири лица, десетици се повредени (ВИДЕО)

Недолго откако Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за торнада за областа, на социјалните мрежи беа објавени видеа од Три Риверс и Јунион Сити на кои се гледаат екстремно силни ветрови како креваат

Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски. Одговорајќи на новинарски прашања по

Анте Будимир ја спаси Осасуна од пораз (ВИДЕО)

Во првиот денешен дуел од Примера програмата екипите на Осасуна и Мајорка одиграа супер интересно реми со конечни 2:2. Серијата голови стартуваше во 35. минута кога Ведат Муричи ги доведе гостите во

Меџити: Со 42 милиони евра се гради новиот универзитетски кампус во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека денеска бил поставен камен-темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проект кој го оцени како историски момент за образованието. Според него,
Go toTop