Започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ фондови за одржлива енергија

November 27, 2024
1 min read

Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на отворањето на пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија, што денеска се одржа во свечената сала на Владата.

На настанот, на кој учествуваа над 50 претставници од домашни и меѓународни институции, донатори, невладиниот сектор и бизнис заедницата, со дополнителни учесници кои го следеа состанокот онлајн, Божиновска ги презентираше целите и приоритетите на Министерството во насока на спроведување на реформите за одржлива енергетска транзиција.

-При имплементацијата на енергетската политика, соработуваме со експерти, со нашите меѓународни партнери чија помош е витална за успешно спроведување на реформите, со академската и бизнис заедница, невладините организации, а се со цел транспарентност и успешност на зацртаните планови. Целта е да имаме иновативни идеи и брза модернизација и унапредување на енергетскиот сектор, рече Божиновска.

Тоа, додаде, ќе го направиме многу транспарентно и ќе бидеме фер кон сите играчи во овој процес.

– Тоа значи дека нема да дадеме приоритет само на една компанија, сакаме да сме отворени и да дадеме еднакви можности за сите. Ќе ги зголемиме геолошките истражувања за утврдување на нови можности за минерални суровини во досега неистражени подрачја, но потенцирам дека приоритет ќе биде здравјето на граѓаните. Нема да правиме ништо што не е во согласност со најновите стандарди на ЕУ и ќе ја слушнеме волјата на граѓаните, истакна Божиновска

ИПА 3 – Прозорец 3, како што кажа, претставува рамка за финансиска поддршка од Европската Унија, наменета за зајакнување на зелената агенда и одржлив енергетски сектор, а во рамките на оваа програма ќе бидат обезбедени финансиски средства во висина од 5,2 милиони евра за поддршка на проектите за намалување на штетните емисии, зголемување на енергетската ефикасност и развој на обновливите извори на енергија.

– Овие средства се значаен чекор напред кон постигнување на целите за зелена енергетска транзиција. Соработката меѓу институциите, донаторите и граѓанскиот сектор е клучна за успешно искористување на овие фондови, посочи министерката Божиновска.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Укинат притворот на Горан Весиќ

Следно

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски

Latest from Blog

Костовски: Бутел останува општина еднаква за сите

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, го соопшти именувањето на Шерафедин Абдурамани за вршител на должност директор на ООУ „Лиман Каба“. Абдурамани, кој има долгогодишно искуство во образованието, се очекува да ја

Ново намалување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени нанафтените деривати во просек

За само еден ден, шест пожари во Кумановско

Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во Клечовце

Постепено се нормализира сообраќајот во Белград по синоќешните блокади

Се нормализира постепено утрово сообраќајот низ Белград откако до доцна во ноќта студентите во блокада и граѓани блокираа голем број раскрсници, улици и мостови во главнипот град на Србија.  Во текот на

РЕКОРДЕН МАЈ СО ВЛТ ДОБИВКИ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА  ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ НАД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

Фантастични 69.662.549 денари Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите во мај, за ВЛТ добивки. Среќните статистики од овој месец покажуваат: 4 СУПЕР МИЛИОНЕРИ, нови 21 МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добитници и дури 2075 играчи кои
Go toTop