Запленети мрежи и 300 белвици при засилена контрола на Охридското Езеро

June 24, 2025
1 min read

Во периодот од 21 до 24 јуни 2025 година, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ Охрид, согласно надлежностите по Законот за внатрешна пловидба, Законот за рибарство и аквакултура а во врска со кривичното дело „Незаконит риболов“, извршија засилени контроли во водите на Охридското езеро.

Притоа, на околу 1500 метри над „Еврохотел“, пронајдени и одземени се 4 висечки рибарски мрежи во должина од 100 метри  и улов од 300 парчиња риба Охридска белвица.

Дополнително, во предел обраснат со трска кај струшкото село Калишта, пронајден е чамец се две кофи со рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат и прибор.

Пронајдените предмети, по насоки на Јавен обвинител и запознавање на инспектор по рибарство од Државен инспекторат за земјоделие и водостопанство, се подигнати за понатамошна постапка.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Богојески си оди агенцијата за Еразмус програмите: Неговото назначување беше потсмевање за сѐ што претставува ЕУ, порачаа од Брисел

Следно

Трамп го предупреди Израел: „Не фрлајте ги тие бомби врз Иран“

Latest from Blog

Политичар, левичар, наркоман… “ ДА, КОРИСТЕВ КОКАИН, НО НЕ ДОДЕКА СУМ НА РАБОТА…“. Гласајте за мене!

Лидерот на Данската либерална алијанса, Алекс Вансплаг, во објава на Фејсбук призна дека користел кокаин. Имено, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, данскиот политичар напиша: „Значи да, пробав кокаин на почетокот на

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и

Во кои угостителски објекти ќе може да се пуши?

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница на Владата, по што ќе биде доставен до Собранието на понатамошна процедура. Министерот за здравство Азир Алиу информира дека процесот
Go toTop