„Занаетот никогаш не те остава без леб“ – Или, студентот кој од 10 години работи како бурекџија

October 2, 2023
1 min read

реклама

Првиот бурек го направил на само 10 години и по една година почнал да работи со татко му.

Или сега има 18 години и ги продолжува студиите на Факултетот за спорт, но не се откажал од овој занает.

реклама

Иако е млад занаетчија, тој го прави највкусниот бурек о Старата Скопска Чаршија.

Или Кастрати: Го наследив од татко ми, од 10 години полека почнав да го учам занаетот, додека од 11  почнав да работам.

реклама

Н.: Работиш од 11 години, односно што те мотивираше или ти беше интересно?

Или Кастрати: Ме натера маката а воопшто не ми беше интересно, но полека почнав да уживам.

реклама

Н.: Дали изгледаше како тешка процедура кога првпат почна?

Или Кастрати: Да нормално, се правев со масло целиот, додека не го научив занаетот.

Моментално работи со татко му, но вели дека повеќе не му стои над глава како порано.

Н.: Ти го правиш подобро или татко ти?

Или Кастрати: Те молам, не прашувај тоа.

Н.: Не се осмелуваш да одговориш… кој е подобар?

Или Кастрати: Јас малку, но шшт…

Таткото на Или, Башким, вели дека работи над 30 години. Има една порака до родителите а тоа е да ги натераат нивните деца да учат некој занает освен училиштето.

„Јас го украдов занаетот, порано занаетот се крадеше а сега се учи и едвај ги тераме да го научат“, вели Башким Кастрати.

Дали младите имаат заинтересираност за ваков вид на занает?

„Ретко, нема воопшто заинтересираност. Се зависи од родителите, родителите треба да ги учат децата од детство да работат. Треба да имаат две училишта, едно од занает и едно од училиштето. Младите не сакаат да учат, уште малку и нема да има кој да прави бурек, ќе биде само Или, другите ќе останат така“, Башким Кастрати.

Или вели дека занаетот никогаш не те остава без леб.

„Занаетот е добар, не те остава без леб, секој ја имаа таа цел во животот“.

На крајот го пробавме бурекот кој го зготви Или, беше вкусно, прсти да излижеш.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноска: Маричиќ немаше доблест ниту да се извини за сексистичкиот напад во парламентот

Следно

ДПМ распиша конкурс за поетската награда „Даница Ручигај“

Latest from Blog

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Џеси Стренг е идентификуван како вооружениот напаѓач во пукањето во Тамблер Риџ, потврди CTV News. Канадските медиуми објавија дека тој извршил самоубиство по крвавото дивеење. Знамињата на половина копје Знамињата на федералните

Андоновски: Државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но може да отвори јавна расправа

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но оти може да се отвори јавна расправа ако има интерес од родителите. На новинарското

Европол конфискува фалсификувани банкноти во висина од 1,2 милијарди евра

Во операција на Европол откриени и конфискувани се фалсификувани пари во висина од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг. Повеќемесечната операција била спроведена во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка,
Go toTop