Занаетчиството во државата полека изумира, повеќе нема интерес за старите занаети

March 17, 2024
1 min read

Занаетчиите во регионот станаа ендемски вид. Младите не сакаат повеќе да работат ниту за поголема дневница, а старите мајстори работат и кога се во пензија. 

“Во Македонија има хроничен недостиг на занаетчии, односно мајстори на различни профили и барањето на квалитетен мајстор е како барање игла во пласт сено. Дека занаетчиството во земјава полека изумира потврдува и нашиот соговорник, мајстор кој 16 години го работи својот занает.”

Но, иако многу млади луѓе не се заинтересирани за учење на занает, сепак мајсторите во Македонија можат да заработуваат добро, посочува Георгиев.

Меѓутоа, работата и не е така лесна и едноставна, бара многу труд пред сè, а потоа и време, знаење, но и материјал за работа, а ако на ова ги додадеме и давачките кон државата, тогаш можеби и можеме да ја сфатиме незаинтересираноста на младите, додава штипскиот занаетчија.

Факт е дека најголемиот дел од младите во Македонија сонуваат да работат во ИТ секторот, правото и економијата, но не и во занаетчиството, бидејќи сметаат дека е тешко и неисплатливо, а за занает е потребна пред сè волја, уверува нашиот соговорник.

Можеме да констатираме дека лоша иднина се предвидува на речиси сите занаетчиски гранки, кои како занаети, најверојатно ќе останат во меморијата на повозрасните генерации.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија тврди дека ја презела контролата врз Мирноје во регионот Запорожје

Следно

Карневалџии од земјата и странство ја преплавија Струмица

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop