Заменик-гувернерот на Џенин: Во израелските напади предизвикана штета на 80 отсто од домовите во градот

July 5, 2023
1 min read

ЏЕНИН (АА) – Речиси 80 отсто од домовите во палестинскиот град Џенин претрпеле оштетувања од израелската воена операција, соопшти заменик-гувернерот на градот, Камал Абу ал-Руб, јавува Анадолу.

Израелската армија се повлече од Џенин рано утрово, завршувајќи ја својата најголема воена операција во градот во повеќе од 20 години.

Во офанзивата загинаа најмалку 12 Палестинци, а повеќе од 100 се повредени, според податоците на палестинското Министерство за здравство.

Израелските напади, кои започнаа во понеделникот, оставија зад себе трага на деструкција низ градот на Западниот Брег.

„Куќите и инфраструктурата претрпеа голема штета во офанзивата“, изјави Ал-Руб за Анадолу денес. „Речиси 80 отсто од домовите во бегалскиот камп Џенин се или уништени, оштетени или, пак, изгорени“, додаде тој.

Според новинарот на Анадолу, во бегалскиот камп Џенин има околу 1.000 станбени единици во кои живеат 15.000 Палестинци.

Абу ал-Руб истакна дека во израелската операција се оштетени и десетици возила и инфраструктурни линии.

Израелската офанзива предизвика бран осуди од неколку земји, меѓу кои и од Туркије, Јордан, Египет, Индонезија и други.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОЈ И ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ЧУДОВИШТЕ Е ТЕМАТА НА „ФРАНКЕШТАЈН“, ВЕЛИ ЕКИПАТА ОД ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ ПРЕД ПРЕМИЕРАТА

Следно

Миленковски: Целта ни е да собереме половина милион евра

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop