Залудноста на војната во Украина стана очигледна

April 19, 2024
2 mins read

Наместо тоа, цената на неуспешната дипломатија е платена со стотици илјади животи и стотици милијарди долари уништен имот, смета Томас Грем, во текстот за Хил.

Тој проценува дека од една страна, Путин повеќе ја ценеше драматичната демонстрација на руска моќ наместо внимателна дипломатија за спречување на украинското стратешко вртење кон Запад. Кон погрешната проценка придонесува и верувањето дека војната ќе биде кратка, дека ќе биде пречекан како ослободител од дел од тамошната популација, дека Западот нема да биде толку сложен и дека неговата војска е далеку помоќна. Наместо тоа, блицкригот кој за 2 недели требаше да стигне до Киев, сега е во третата година.

Од друга страна Вашингтон сметаше дека ќе може да го разубеди Путин со санкции и одби да каже дека Украина никогаш нема да се приклучи кон НАТО, и покрај тоа што членките на НАТО немаат намера во скоро време да дозволат прием на Украина.

По три години војна, санкциите не само што не и наштетија на Русија туку ја натераа да најде нови пазари и да ја преориентира својата трговија кон нови пазари со што ја намали зависноста од Западот и доларот.

„Во овие околности дополнителниот притисок со санкции, како што се залагаат поддржувачите на Украина, тешко дека ќе ја запре Русија. Слично, вооружувањето на Украина со пософистицирано оружје (Ф-16, АТАЦМС) нема да се покаже за решавачко во надминување на добро бранетите руски позиции. Како што покажа минатата година, дроновите се повеќе од корист за дефанзивните отколку за офанзивните операции,“ пишува Грем.

Иако Русија напредува, по малку, на сите делови на фронтот, тоа и понатаму доаѓа со претерано многу човечки жртви, а ако стигне американската помош од 60 милијарди долари, таа ќе спречи какво било позначително руско напредување во претстојните месеци.

Процената на Грем е дека во ваква ситуација, токму сега војната е зрела за преговори и дипломатска иницијатива „меѓутоа и понатаму никој не е наклонет кон дипломатијата.“

„Никој не е подготвен да го отпише загубеното за да продолжи напред кон спогодба. Никој не сака да верува дека неговите војници залудно умреле. Напротив, и двете страни го кренаа влогот: Кремљ тврди дека ‘специјалната воена операција’ против Украина се претвори во историска војна проти Западот. Голем број западни лидери предупредуваат на следна војна против Русија доколку таа не се запре во Украина. Украинскиот лидери остануваат на тоа дека сè освен тотална победа ќе значи катастрофа.

Па војната продолжува, се додека едната страна, најверојатно Украинците, или двете не се истоштат или заклучат дека со војна не можат дополнително да напредуваат. Кога преговорите ќе започнат, две работи ќе бидат на врвот од агендата: безбедносни гаранции за да се намали заканата за обновени борби и територијата што Русија ја освои, истите две прашања што беа на маса со месеци пред Русија да нападне во февруари 2022.

Секако, деталите од крајната спогодба ќе се разликуваат од оние кои можеа да бидат договорени пред војната. Украина, на пример, сега е можно да изгуби повеќе територија отколку што ќе изгубеше во 2022, кога Русија го имаше окупирано само Крим и делови од Донбас.

Но дали разликата ќе биде толку голема за да се оправдаат големите загуби претрпени од која било страна во конфликтот? Прашањето само се одговара,“ пишува Грем.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Туркије ги повика Израел и Иран на воздржаност од чекори што можат да доведат до поширок конфликт

Следно

ПРОЕКТОТ НА ЈАНЕШЛИЕВА ВО ВЕНЕЦИЈА НЀ СООЧУВА СО ЧУВСТВОТО ДА СЕ БИДЕ СТРАНЕЦ, ВЕЛИ КУРАТОРКАТА ФРАНГОВСКА

Latest from Blog

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи

ЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)

Уште на стартот на денешните пресметки во Лигата на шампионите бевме сведоци на две изненадувања. Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Лимасол.

Меџити: Ахмети ја загуби битката поради две стратегиски грешки

Скопје, 5 ноември – Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Дебат во Шења“, истакна дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил две стратегиски грешки на локалните избори. „Првата е што шест-седум

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за
Go toTop