Заледен автопатот „Пријателство“ иако тендерите за снегот и мразот се 3,5 милиони евра 

January 12, 2025
1 min read

Подмрзнат коловоз на автопатот „Пријателство“ кај село Миравци утринава ги принуди тешките товарни возила да се пренасочат преку стариот пат Удово – Демир Капија. Според информациите од АМСМ, од 08:50 часот, овој дел од патот е затворен за камиони поради заледеноста.

Истовремено, забрани за движење на тешки товарни возила има и на повеќе патни правци, како што се Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Гостивар – Маврово – Дебар, и планинските превои Пресека и Плетвар. АМСМ препорачува внимателно возење, особено на делниците со ризик од одрони.

Во меѓувреме, истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) откри дека за зимско одржување на патиштата досега се склучени договори во вредност од 3,5 милиони евра, сума што ќе се зголеми бидејќи уште 13 тендери се во тек.

Ниска конкуренција на тендерите

ЦГК посочува дека на 71% од тендерите имало само по една понуда, што укажува на многу ниско ниво на конкуренција. Најголемиот договор за набавка на индустриска сол изнесува 1,3 милиони евра годишно, доделен на компанијата Лугос ЛЦ.

Јавното претпријатие за одржување на патиштата, кое има најголеми тендери, сè уште нема склучено договор за зимско одржување, што значи дека одржувањето се врши со сопствена механизација. Постапката за „ангажирање трети лица“ била поништена во декември, а нов тендер е распишан на 10 јануари.

Градот Скопје и осум скопски општини ќе потрошат над еден милион евра за зимско чистење на улиците. Најголеми договори имаат Општина Центар со 116 илјади евра и Гази Баба со 113 илјади евра.

И покрај високите трошоци, резултатите од истражувањето укажуваат на недостатоци во конкуренцијата и ефикасноста на зимското одржување. Заледените патишта и блокадите го потврдуваат овој проблем, кој директно го засега секојдневниот транспорт и безбедноста на граѓаните.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЛАВА ИМ НА ЗАГИНАТИТЕ: Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

Следно

ДУИ: Уште една државна институција го укинува албанскиот јазик од службена употреба!

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop