Законот за рестриктивни мерки, ќе го чека следниот парламентарен состав

March 26, 2024
1 min read

Законот за рестриктивни мерки, како што се покажа, нема да помине во овој парламентарен состав. Промените кои, според предлагачот, се очекува да ги санкционираат лицата кои се на американската црна листа, или се со слични санкции од ЕУ, се заглавени во Собранието и нема политички договор за нивно деблокирање. Владата, односно Министерството за надворешни работи го предложи законот по редовна постапка,но тој мора да помине преку Комисијата за надворешна политика, која ја предводи опозицискиот пратеник Антонио Милошоски. Според надлежните, Милошоски блокира.

Од друга страна, опозицијата вели дека во земјата постојат многу закони за гонење на криминалот и корупцијата, во случај да има волја тоа да се случи. Според нив, тоа што законот е во редовна постапка значи дека треба да има и јавна расправа.

Албанската опозиција вели дека неодобрувањето на законот одговара на ДУИ и коалицијата формирана со партијата на Мехдух Тачи, која е на американската црна листа.

„Денес ја имаме причината зошто е законот блокиран.“ – Денеска Али Ахмети потпиша договор со Мендух Тачи, кој е на американската црна листа. Ова покажува зошто овој закон беше блокиран, со цел да се направи оваа потребна соработка и проевропска за ДУИ, а од друга страна промовираат нешто друго пред населението, друго зборуваат, ја обвинуваат другата страна ”, рече Висар Ганиу, СЕСП.

На американската црна листа неодамна се најдоа Стевчо Јакимовски – претседателски кандидатка, Катица Јанева, поранешната главна специјална обвинителка, а претходно и Рамиз Мерко, градоначалник на Струга, Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер за економски прашања, поранешниот шеф на тајната служба Сашо Мијалков, поранешниот премиер Груевски, бизнисменот Орце Камчев и други./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Какаото стана поскапо од бакарот, велигденските чоколадни јајца веќе поскапеа

Следно

Преговорите за прекин на огнот во Газа дојдоа во ќор-сокак бидејќи Израел ги повлече преговарачите од Катар

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop