„Заигра“ метлата во Скопје, се чисти градот и се бркаат неработници

November 7, 2025
1 min read

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, веднаш по симболичното предавање на функцијата од досегашната градоначалничка Данела Арсовска, започна со реализација на своето изборно ветување — чистење на главниот град, кој со месеци беше затрупан во ѓубре, пишува Дојче Веле.

Неговиот пример го следеше и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кој започна со празнење на преполните контејнери во општината, кои претставуваа потенцијална опасност за здравјето на граѓаните.

72 часа за „светнато“ Скопје

Акцијата започна во четвртокот навечер (8.11), со голема медиумска покриеност. На социјалните мрежи се појавија видеа и лајв преноси од десетици камиони, цистерни и механизација кои ги окупираа скопските улици.

„Во наредните 72 часа ќе дадеме сè од себе Скопје да заблеска, како што им ветив на моите сограѓани. Ќе помогнат и колегите градоначалници од внатрешноста, ќе се користат цистерни за перење улици. Ќе се чисти и плоштадот, кејот, а ќе се ревитализираат и јавните претпријатија“, изјави Ѓорѓиевски.

На терен, пред „Борис Трајковски“, му се придружија сите скопски градоначалници, како и премиерот Христијан Мицкоски.

Ден потоа тој оцени дека состојбата со јавната чистота во Скопје е апсурдна и дека е неверојатно во 21 век да се зборува за теми кои би требало одамна да бидат решени. „Се доведовме во ситуација во 21 век да зборуваме за елементарни работи, тоа делува и комично. Но, има работи кои мора да се направат“, рече Мицкоски.

Отстранување на вработени и најави за истраги

Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше дека од јавните претпријатија се отстранети 371 лица поради неисполнување на работните обврски или злоупотреба на позицијата. Тој најави дека истрагите ќе продолжат.

„Имаме документирани индиции за злоупотреби. Возила за чистење биле ангажирани преку физички лица и плаќани како интелектуални услуги, во износ од 5 до 10 илјади евра. Ги повикувам надлежните институции да ја испитаат оваа работа“,
додаде Ѓорѓиевски.

На скопските улици вчера излегоа екипи и на Општина центар, коишто со денови наназад го чистат центарот на градот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Градскиот воз ќе биде функционален за шест месеци

Следно

Македонски Концепт бара намалување на бројот на министерства и фузија на ресорите

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Изречени казни кон правни лица – загадувачи во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, отако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори

Божиновска: 2026 година клучна за праведната и зелената енергетска транзиција

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна

Меџити: Интензивирањето на соработката со Албанија е од заеднички интерес

По официјалната посета, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја пречека и Елиса Спиропали во просториите на општината. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални
Go toTop