ЗАГРОЗЕНО Е СЕТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОТИ СО ГОДИНИ НЕМА КОНЗЕРВАТОРИ, МИНИСТЕРСТВОТО ВЕЛИ ЌЕ ИМА РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЗА СТРУКАТА

June 21, 2025
2 mins read

Речиси и да нема културна установа во Македонија која се соочува со недостаток на конзерватори, стручните лица алармираат дека ќе нема кој да го чува богатотото културно наследство, а Министерството за култура и туризам вели дека работи на „функционална анализа за секоја институција“.

Една од таквите институции е Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, објект со над 5 илјади уметнички дела, каде имаат само еден вработен конзерватор и една конзерваторка која е со договор за дело. Директорот Тихомир Топузовски  вели дека се во комуникација со Министерството, дека веќе биле посетени од екипа која увидела дека ним им требаат минимум 5-6 конзерватори.

„Имаме потреба, оти над 5 илјади дела брои колекцијата на Музејот. Неопходно е да се зголеми бројот на конзерватори, но ете, ги чекаме тие вработувања“, ни рече Топузовски.

Од Министерството за култура, на нашето прашање каков е планот за да се реши овој проблем, ни рекоа дека недостатокот на конзерватори во културните институции не е нов проблем, туку дека е тоа е резултат на години негрижа, импровизации и несистемски пристап на претходните раководства.

„Работиме на функционална анализа за секоја институција за конечно да ги согледаме реалните потреби и да имаме увид во тоа каков стручен кадар каде и зошто недостасува. Овојпат, се водиме реалните потреби на терен. Пред нас имаме јасна цел: стручни, обучени и посветени кадри кои ќе го чуваат и одржуваат македонското културно богатство. Вработувањата на конзерватори од сите аспекти е стратешка инвестиција во иднината на нашата држава. Затоа, покрај кадровските решенија, вложуваме и во образовниот систем и во реформи што ќе го вратат достоинството на културниот работник“, ни рекоа од Министерството за култура.

Лани во септември, министерот за култура и туризам Зоран Љутков го посети Националниот конзерваторски центар (НКЦ) и рече дека таму е многу лоша состојбата во оваа најстара стручна институција од областа на заштита на културното наследство, како и дека со в. д. директорката Ангелина Поповска, разговарале за итни решенија.

„Треба итно да се обезбедат поголеми средства за работа и да обезбедиме решенија за вработување на стручен кадар. НКЦ има надлежност во областа на заштитата на недвижното културно наследство на територијата на 32 општини во државава. Од 2025 е подобро да се фокусираме на одредени проекти што ќе бидат затворени од прва до последна фаза,а не да дојдеме до третата фаза, па да треба да се прави корекција на втората фаза“, рече Љутков лани на 12 септември.

Во мај 2021, тогашниот директор на Управата за заштита на културно наследство, Ацо Костов, кажа дека живееме во општество во кое свеста за културното наследство и не е на високо ниво, и е незачувано, неоградено, без сигурносни мерки.

„Друг горлив проблем е што секаде фалат кадри, особено архитекти. Фалат луѓе за конзервација, за фрескоживопис, за икони, за археологија, а ние сме пребогати со повеќеслојноста на културното богатство. Во еден простор може да најдете од антика до денешни артефакти“, вели тој.

Тој тогаш рече дека треба да се вработуваат млади луѓе, и дека конзервацијата не е титула да се стекне, тоа е занаетска работа, менторски систем.

„Министерството за култура во 2013 воведе да се доделуваат лиценци за конзерватори. Така е прескокнат еден цел систем на усовршување. Во мое време, бар 20-30 години ти требаа да станеш конзерватор, па виш конзерватор за 10 години, па за 15-20 да станеш советник, за да може да изработуваш проекти и да се занимаваш со посложени ситуации на решавање. Кај нас тоа го скратија, дозволија да се работи со лиценци, градежна фирма да може да изготвува проект. Изгубивме драгоцено време, 15-20 години се занимававме со ново културно наследство, со фејкови и го изгубивме континуитетот на наследување на занаетските работи. Ние немаме ни занаетчии, ќе се доведеме во ситуација утре, да побараме пари од Европа за конзервација на некој објект, веројатно и ќе добиваме, но ќе ни фалат конзерватори. Луѓе кои работат фрескоживописи по манастирите и црквите. Ќе отидат во пензија, ќе немаме луѓе кои ќе можат да пренесуваат знаење. Горлив е проблемот, оти секој објект за себе си е приказна“, рече Костов.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган предупреди на „нов Сајкс-Пико поредок“ на Блискиот Исток

Следно

Приведени двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Latest from Blog

ОВА СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за

Новогодишна лото грозница во Словенија- тикети се препродаваат и за 10.000 евра

За само осум дена беа продадени сите 450.000 тикети, па многумина ја пропуштија шансата да учествуваат во извлекувањето на големите награди. Во меѓувреме, тикетите се појавија во онлајн реклами, а поединци бараат

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X) Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот

Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. -На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз
Go toTop