Загрозена иднината на коралните гребени во Занзибар

June 26, 2023
1 min read

ЗАНЗИБАР (АА)

– Шебнем ЏОШКУН​​​​​​​

Иднината на коралните гребени во Занзибар е загрозена од глобалните климатски промени и риболовот, јавува Анадолу.

Занзибар, островот поврзан со Танзанија во Индискиот Океан, е дом на повеќе од 100 различни корали и повеќе од 500 водни видови.

Локалните жители ги нарекуваат „корални градини“, а гребените се познати како најразновидните екосистеми во морската средина.

Според најновите истражувања, активностите на риболов, кои се едно од најважните средства за егзистенција на локалното население што живее на островот, и зголемувањето на температурата на водата поради глобалните климатски промени имаат негативно влијание врз екосистемот на коралните гребени.

Факторите како што се риболовот, климатските промени и загадувањето со пластика предизвикуваат еколошки пад на гребените.

Околу 25 отсто од морскиот екосистем е формиран околу коралните гребени, кои обезбедуваат живеалиште на видовите за засолниште, гнездење и мрестење.

Милиони луѓе низ светот живеат во близина на коралните гребени и имаат корист од овој екосистем. Доколку не се одржи рамнотежата на коралните гребени во морскиот екосистем, што обезбедува големи финансиски придобивки за луѓето, тие ќе се соочат со различни закани како што се риболов и туристички активности, белеење на коралите и загадување од морскиот сообраќај.

Богатата историја, зачините, плажите со бел песок и синиот океан се карактеристиките на Занзибар, остров во Танзанија на источната страна на Африка.

Во последно време стана популарно туристичко место кое главно го посетуваат туристи од целиот свет, по сафарито Серенгети.

Често се нарекува „остров на зачините“ поради различните видови зачини што се одгледуваат на островот. Тој бил важен за трговија уште од античко време.

Стоун Таун, стариот дел на сегашниот главен град Занзибар Сити, некогаш бил трговски центар за слонова коска и зачини.

Занзибар е независна африканска земја долго време, па дури и по нејзиното обединување со Тангањика во 1964 година, ја задржа регионалната автономија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Спасени се 35 нерегуларни мигранти потиснати од Грција

Следно

ФОТО: Дејан Кулушески со уште неколку светски познати фудбалски ѕвезди се одмара во селото Орман кај Охрид

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop