Загина пензионер кој тргнал на протест во Скопје

August 14, 2023
1 min read

Пензионер од Неготино којшто се упатил кон денешниот протест за повисоки пензии бил смртно прегазен од возач од Романија.

Несреќата, според информациите од МВР, се случила утрово на автопатот Велес – Скопје, кај зимскиот пункт Македонија.

– Патничко возило „фолксваген голф“ со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц.(41) од Романија, удрило во пешакот Д.С.(77) од Неготино, велат од МВР.

Од здобиените повреди пешакот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

На протестот на пензионерите за повисоки пензии му беше оддадена почит со едноминутно молчење.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поскапуваат горивата

Следно

ОАЕ домаќини на состанокот со Јордан и Израел за проектот за енергија и вода

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална
Go toTop