Заедно со „леопардите“, Полска испраќа уште 60 тенка во Украина

January 27, 2023
1 min read

„Тварди“ има подобар реактивен оклоп, напреден систем за автоматско полнење на цевката по пукањето и новодизајниран систем за контрола на пожар

Покрај најавените тенкови „леопард 2“, Полска во блиска иднина во Украина ќе испрати уште 60 модернизирани тенка, меѓу кои се и полските тенкови „ПТ-91 тварди“, објави на својот канал Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Во интервју за канадскиот ТВ-канал Си-ти-ви њуз, полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека 30 од тие 60 тенка ќе бидат модели „ПТ-91 тварди“, додека преостанатите 30 треба да бидат модернизирани верзии на советските тенкови Т-72.

ПТ-91 е борбен тенк заснован на дизајнот на советскиот Т-72, ​​кој беше користен од двете страни во руско-украинската војна. Но, за разлика од модернизираните тенкови Т-71, Полјаците ги произведуваа тенковите „тварди“ од нула со свои делови во периодот од 1995 до 2002 година.

„Тварди“ има подобар реактивен оклоп, напреден систем за автоматско полнење на цевката по пукањето и новодизајниран систем за контрола на пожар, пишува „Киев индипендент“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фенербахче договори нов лев бек, иднината на Алиоски е несигурна

Следно

Зеленски: И денес рамнодушноста и омразата убиваат

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во
Go toTop