Заедно кон паметен, зелен и инклузивен Пелaгониски регион

December 19, 2024
1 min read

„Само со заедничка визија и посветеност можеме да изградиме паметен, зелен и инклузивен регион кој ќе ги искористи своите потенцијали и ќе создаде подобра иднина за сите,“ беше пораката што ја испратија организаторите, вчера, во Битола каде за првпат се одржа Ден на регионалниот развој, под мотото „За паметен, зелен и инклузивен Пелагониски регион“.

Настанот, беше дел од проектот поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.

На настанот ги поздрави Никола Најдовски, претседател на Советот за развој на регионот и градоначалник на Демир Хисар.

„Овој ден има цел да ја афирмира нашата визија за развој на регионот, но и да ги претстави досегашните проекти и активности кои значат подобар квалитет на живот за сите наши граѓани,“ истакна Јосиф Балтов, директорот за Центарот во својот говор.

Тој потенцираше дека улогата на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион е да ги вмрежи сите клучни чинители – локалните самоуправи, јавниот сектор, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор – во насока на забрзан и одржлив развој.

„Регионалниот развој подразбира економски напредок, заштита на животната средина, социјална инклузија и модернизација на образованието преку примена на иновативни технологии и користење на расположливите фондови. Само преку ваква синергија можеме да создадеме регион кој нуди еднакви можности и пристоен живот за сите граѓани,“ додаде Балтов.

Тој нагласи дека Центарот работи во согласност со Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион за периодот 2021-2026, каде што се дефинирани приоритетите и потребите на сите девет општини кои го сочинуваат регионот.

„Одржувањето на вакви настани е можност да го измериме нашиот развоен напредок, но и да ги согледаме предизвиците кои мораме заеднички да ги адресираме. Само со усогласени капацитети и приоритети можеме да постигнеме напредок,“ заклучи Балтов.

Во рамките на настанот се одржа и панел дискусија на тема „За паметен, зелен и инклузивен Пелагониски регион“, на која учествуваа проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска, професор на Економски факултет – Прилеп и проф. д-р Даме Димитровски, редовен професор на Машински факултет при УКИМ.

Дискусијата се фокусираше на предизвиците и можностите кои произлегуваат од глобалните трендови во одржливиот развој и конкретните чекори кои треба да се преземат на локално и регионално ниво. Присутните заклучија дека успешните проекти реализирани во регионот се пример како соработката на локално и прекугранично ниво може да донесе конкретни резултати за граѓаните.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експертите за КУРИР: Време е да нема недопирливи во Македонија, главен проблем за граѓаните е корупцијата

Следно

ДУИ: Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и соработниците да размислат за нивната раздорна реторика

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop