Заеднички особини и својства на луѓето кои изневеруваат

March 29, 2024
2 mins read

Приватни детективи од САД откриваат дека повеќето неверни мажи кои ги следат, најмени од нивните партнерки, честопати повторуваат исти вообичаени работи пред да одат кај љубовницата.

Истражителот Реј Рано од Конектикат вели дека следењето мажи може да биде многу досадно, па лесно се сфаќа „шемата“ од показатели коишто редовно му укажуваат дека прељубникот е на пат кон љубовницата. Раскажува само за дел од нив.

– Ако тргнал да се види со својата љубовница, мажот обично претпочита чист автомобил… Редовно оди во пералница за автомобили… Неверојатно е колку често го прават тоа. Жените не толку. Жените ретко го перат автомобилот пред неверството, бидејќи најчесто мажите се оние кои сакаат да возат. Многу ретко гледам момчето да влезе во автомобил на жена, рече Рано за „Локд ин“ (Locked In).

Тој појаснува и како ги снима своите „мети“ без да забележат – на пр., ја лепи камерата во пластична чаша за кафе.

– Ако седнам во кафуле или влезам во супермаркет – каде и да треба да бидам, само го симнувам капачето (од чашата) и така изгледа како да шетам со кафе во рака. Всушност, снимам сѐ, изјави тој.

Откако ќе собере доволно докази, видеата и сликите одат кај тој или таа што му плаќа.

Според истражување на „Ју-гов“ (YouGov) од 2022 година, 54 отсто од Американците откриле дека биле изневерени во моногамна врска – емоционално, физички или и двете. Приватниот детектив Арон Бонд вели дека дури и пред да го најмат за неговите услуги, луѓето кои се сомневаат во својот партнер ги забележуваат истите знаци.

– Кога партнерот ќе почне да се однесува поинаку со мобилниот телефон, тоа е знак дека можеби нешто не е в ред. Ако почне да го носи телефонот насекаде, дури и низ дома, или измислува изговори кога го/ја замолувате да Ви го даде телефонот, тоа може да биде знак дека тој/таа е во неверство, вели тој.

Следен признак на неверните луѓе е тоа што покажуваат помал интерес за партнерот. Заеднички поминатото време е сѐ помало, не покажува многу возбуда кога ќе Ве види, се повлекува, не сака да зборува за настаните од својот ден итн.

– Ако чувствувате дека Вашиот партнер одеднаш Ве избегнува и не сака повеќе да ги прави вообичаените работи со Вас… Тоа се предупредувачки знаци. Партнерите често ги избегнуваат своите сопружници или им кажуваат помалку за својот ден, бидејќи е невозможно да се запомнат сите лаги, објаснува професионалниот детектив.

И зголеменото и намаленото либидо може да биде признак за тајната.

– Прељубниците честопати се помалку заинтересирани за секс дома, бидејќи веќе го имаат надвор. Но, понекогаш може да бараат и повеќе секс дома затоа што се чувствуваат виновни. Тие го користат водењето љубов за да ја сокријат својата измама, вели Бонд.

Натаму, стресот од изневерувањето и чувањето сè внатре – може да предизвика многу негативни емоции коишто потоа ќе се излеат на површина во облик на вербални напади кон сопружникот.

– За да се ослободат од тензијата што ја чувствуваат внатре, ќе се обидат да се убедат себеси дека Вие сте проблемот и од никаде стануваат критички настроени кон вас, појасни Бонд.

Сепак, тој предупредува оти секоја врска е различна и дека овие знаци може понекогаш да укажуваат и на други, сосем различни проблеми.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРОТ ЛУИС ГОСЕТ ЏУНИОР, НАГРАДЕН СО ОСКАР ЗА „ОФИЦЕР И ЏЕНТЛМЕН“

Следно

Потврдија коалиција, но што говореше до неодамна Зијадин Села за лидерот на ДУИ

Latest from Blog

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија во обид да го спречи протокот на мигранти, пренесува ДПА. Портпаролот на полската гранична полиција Конрад Швед за новинската агенција ПАП изјави дека

Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, вели ќе го воскресне градот

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе трча за мандат на Град Скопје на претстојните локални избори по предлог на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Кандидатурата се официјализира по седницата на

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусиала

Извршниот директор на минхенски Баерн Минхен, Макс Еберл, вети целосна поддршка од клубот за германскиот репрезентативец Џамал Мусијала, кој претрпе фрактура на фибулата на левата нога за време на четвртфиналето на Светското

ЦУК: Пожар во Ѓорче, зафатен и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци – пациентите и персоналот евакуирани

Денес попладне избувна пожар во населбата ГеГе кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја. Пожарот

Премиерот е пишман аџија: Нема да има данок за немажени и неженети

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска јавно се извини на сите што ја сфатиле буквално неговата идеја за воведување дополнителен данок за немажени и неженети лица. По завршувањето на седницата
Go toTop