Забрана за тешки товарни возила и автобуси на повеќе патни правци, без струја неколку села во Општина Маврово-Ростуше

January 20, 2024
1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, а сите патни правци во државата се проодни. Врнежи од снег има на целата територија од државата.

Според ЈП Македонијапат, до 18:00 часот, забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на Стража, Маврово, Ѓавато, г.п.Ќафасан, г.п.Јажинце, Плетвар и Струмица-Берово. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири). Задолжителна зимска опрема и за сите возила кои патуваат кон граничниот премин Делчево.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 теретни возила, и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека по известување од Регионалниот ЦУК Тетово, во 17.35 часот, по добиеното известување од  Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК,  патот од село Велебрдо до село Битуше до влезот на селото е замрзнат и преставува опасност на возилата што го употребуваат тој правец.

Претставник од Општина Маврово-Ростуше известил дека екипи од Општина Маврово-Ростуше два пати имаат интервенирано по тој правец, дека патот бил прооден, но дека ја следат состојбата и повторно ќе излезат на терен за чистење на патот при што фрлаат и „ризла“.

Истовремено, од локалната подружница на ЕСМ, ЦУК има известување дека има дефект и се работи на далекувод на мрежа, заради што нема струја во неколку села во општината, но дека екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рускиот парламент ќе расправа в понеделник за законот за конфискација на имот на противници на војната

Следно

Вооружен грабеж во аптека во Србија: Деветмина држел како заложници, се слушало пукање (ВИДЕО)

Latest from Blog

ОВА СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за

Новогодишна лото грозница во Словенија- тикети се препродаваат и за 10.000 евра

За само осум дена беа продадени сите 450.000 тикети, па многумина ја пропуштија шансата да учествуваат во извлекувањето на големите награди. Во меѓувреме, тикетите се појавија во онлајн реклами, а поединци бараат

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X) Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот

Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. -На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз
Go toTop