ЗАБОРАВИВТЕ КОИ СЕ И ШТО СЕ ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ. Кога последен пат сте ги гушнале и вистински разговарале?!

October 7, 2025
1 min read

Некои го нарекуваат “ново време“, оние што сакаат странски изрази и да бидат тренди го нарекуваат “нова реалност“ но, и за двете групи важи истото: напуштање на конекции, поврзаност и комуникација со најблиските по род, единствените кои навистина ги познавате, од создавањето до созревањето, и со кои сте делеле живот во најважното доба: прекин на врските, односите и релациите со родителите што остава длабоки празнини и последици на двете страни, и кај децата и кај родителите кои се ненадоместливи и негативно влијаат на менталната и социјална состојба на двете страни.

Прво сакаме да побегнеме од домот, од навиките, од строгите правила, од мирисите што некогаш ни биле сè. А потоа, некаде меѓу два града и неколку пропуштени празници, сфаќаме дека сме побегнале и од прегратките кои не бараат ништо за возврат. Кога последен пат ги прегрнавте вашите родители?

Постојат моменти кога телефонскиот повик не е доволен. Кога сакаме да им кажеме дека животот не е лесен, но не сакаме да ги грижиме. Кога само нивниот глас ја враќа тишината во нас, онаа вистинската, во која нема ни осуда ни барања. Родителите, со сите свои несовршености, се тие кои ја носат топлината на домот, дури и кога сме илјадници километри далеку.

Стануваме возрасни и мислиме дека ќе се навикнеме на оддалеченоста. Најпрво престануваме да прашуваме дали јаделе. Потоа престануваат да не прашуваат кога ќе дојдеме. Тишината расте меѓу нас, но љубовта не исчезнува, туку само се повлекува, чекајќи да ја повикаме назад. Секојпат кога ќе се вратиме дома, времето се мери во шолји кафе и во оние неколку секунди кога мајка ни ја проверува јакната дали сме облечени доволно топло.

Понекогаш се караме. За политиката, за старите навики, за тоа зошто не остануваме подолго. Но длабоко во нас знаеме дека тие караници се само начини на кои љубовта се обидува да остане тука, жива, гласна. Под сите тие зборови се крие едноставното: „ми недостасуваш“. Само што никој не го кажува прв.

Во свет во кој сите брзаме, прегратката е најзаборавената форма на благодарност. А токму таа може да го стопи целиот замор, сите недоразбирања, сите години кои поминале без „извини“. Понекогаш не ни треба ништо повеќе од тоа да се потсетиме дека љубовта не мора секогаш да се докажува – доволно е да се почувствува. Затоа, кога следен пат ќе отидете дома, не брзајте да го проверите телефонот или да го отворите фрижидерот. Отидете право до нив и прегрнете ги. Без зборови, без објаснувања. Само прегрнете ги — за сите денови кога не сте биле таму.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсенал го почести Раја со зголемена плата, но не и продолжување на договорот

Следно

Првпат откриено: ШТО ПРАВЕЛА И КАКО СЕ ОДНЕСУВАЛА ЦЕЦА ДОДЕКА БЕШЕ ВО ЗАТВОР

Latest from Blog

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло, додека Федералното истражно биро (ФБИ) предупредува на ирански дронови кои потенцијално би можеле да го

Почина Кирил Поп Христов – Кили

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Кирил Поп Христов – Кили почина на 58 годишна возраст. Кили починал на Еквадор каде живееше долги години. Таму се пресели во 2014 година Христов дипломира

Најдени се предмети кај судијата Ѓоко Ристов кои не ги чепкал до истекување на роковите?

Судскиот совет има сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Дел од предметите

Валверде:“Неверојатно! Секогаш сонуваш за вакво нешто!“

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, имаше свој коментар по неговиот феноменален настап против Манчестер Сити. Уругваецот постигна хет-трик против „граѓаните“ во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата
Go toTop