За зимско одржување на државните патишта на располагање 181 камион и 73 машини

January 27, 2023
1 min read

Ставена е на располагање целата зимска механизација на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта за претстојните зимски услови на патиштата, утврдиле министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорите на јавните претпријатија за патишта, Ејуп Рустеми и Костадин Ацевски, при денешната обиколка на автопатските пунктови за одржување на државните патишта, соопшти Министерството за транспорт и врски.

На 38 зимски пунктови на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта низ земјата ставени на располагање се 181 камион и 73 машини за зимско одржување на државните патишта. Јавното претпријатие моментно располага со 12.800 тони сол и дополнително околу 20.000 тони кубни ризла.

-Директорот на Јавното претпријатие истакна дека зимските служби работат деноноќно за да се обезбеди непречено и нормално функционирање на сообраќајот на патиштата во зимски услови, информира ресорното Министерство.

Најавуваат дека преку ЈП за државни патишта и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта и во наредниот период ќе работат на дополнително зголемување на капацитетите на зимските служби со цел безбедно патување на граѓаните.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Објавено видео од пукањето во Амбасадата на Азербејџан во Иран (ВИДЕО)

Следно

ВОЗАЧОТ ЕДВАЈ ИЗЛЕГОЛ: Сообраќајна несреќа кај Златибор

Latest from Blog

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните

Откриени ретки лековити соединенија во листовите на канабисот

Истражувачки тим од Универзитетот Стеленбош во Јужноафриканската Република откри ретка група фенолни соединенија, наречени флавоалкалоиди, во листовите на канабисот, објави реномираниот научен журнал „Journal of Chromatography A“. Овие соединенија, кои досега не
Go toTop