За Вашингтон станува непријатна моќта на Маск

March 24, 2023
2 mins read

„Но Твитер е каде Маск, самопрогласениот ‘шеф-твит’ на платформата, предизвикува најголеми проблеми за тимот на Бајден,“ пишува Блумберг.

Со доаѓањето во Твитер, Маск освен што избрка над 70% од вработени, во исто време реши да скине добар дел од контролите и модерирањето на содржината што беа воведени од претходното раководство на компанијата. Блумберг проценува дека тој стана се поблизок со Републиканците кои тврдат дека се цензурирани од технолошката индустрија.

„Во рамки на администрацијата на Бајден, некои од највисоките функционери се плашат дека меѓу неговата бизнис империја, неговото богатство и политички сојузништва, 51-годишниот Маск им е сосема вон дофат. Тој изгледа како самоволно да одлучува, на пример, како Украина може да го користи Старлинк сервисот – што наликува на претседателско однесување кое не е типично за компанија најмена од Пентагон.

Тие се плашат и дека заради се поголемото присуство на Тесла во Кина и зависноста на Маск од финансирање од Блискиот Исток за купувањето на Твитер, тој може да е ранлив на странска манипулација,“ сметаат од Блумберг.

Американски функционери ја опишуваат Тесла како „кинеска компанија со подружница во Америка,“ тврдејќи дека половина од глобалното производство на Тесла во 2022 доаѓа од Шангај, а во октомври демократскиот сенатор Марк Ворнер, изјави:

„Мислам дека не постои друг Американец кој е позависен од дарежливоста на Кинеската комунистичка партија од Илон Маск.“

Кога Блумберг го контакира Маск преку меил и го прашува околу загриженоста на администрацијата на Бајден околу него, тој одговара „Јас верувам во Уставот? Дали и тие?“

Луѓе од истата оваа администрација шпекулираа дека владата еден ден ќе мора да ја растури бизнис империјата на Маск на ист начин како што му го направија тоа на Рокфелер пред повеќе од еден век. Најголема препрека тука е што американските судови последнава деценија не се многу наклонети кон такви одлуки.

Една алтернатива што се размислува е Маск да се закачи за купувањето на Твитер и тоа преку Комитетот за странски инвестиции во САД, кој може да блокира корпоративни трансакции во кои се вклучени странци по основа на загриженост за националната безбедност.

Причина за ова е што во купувањето на Твитер Маск доби финансиска помош од саудискиот принц Алвалид бин Талал, од основачот на Бинанс Чангпенг Жао, и суверениот фонд на Катар. Стравот е дека за возврат истите овие луѓе добиле пристап до корисничките податоци од Твитер.

„Маск е проблем за администрацијата на Бајден во смисла на нивна меѓузависност. Неговите компании се порамнети со клучните елементи од агендата на претседателот, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на електрични возила кои се во оптек.

Ова повремено доведува до непријатен брак од корист, кој станува се потежок како што Маск почнува во својата реторика за иднината на човештвото да вмешува политика без ракавици,“ смета Блумберг.

Пример за проблематичната меѓузависност беше состанокот на претставници на Белата куќа со Маск од февруари годинава. На нивно инсистирање тој се согласи својата мрежа на полначи за електрични возила (најголема во САД), да ја отвори и за останатите видови на електрични возила. Бајден кој обично избегнува да го споменува Маск кога зборува за својата зелена агенда главно заради отпорот што Маск го има кон синдикатите, овој пат директно му се заблагодари на сопственикот на Тесла. Кратко по ова неколку вработени од фабриката на Тесла во Бафало поднесоа жалба до државата во која обвинуваат дека биле отпуштени затоа што се обиделе да формираат синдикат. 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Нова енергетски ефикасна фасада и реконструкција на кровот на градинката „13 ноември“ – објект Јасмин

Следно

Германија: Неколку повредени откако автомобил удри во пешаци во Келн

Latest from Blog

Инцидентите во Белград синоќа стигаат на наплата: Србија ја пречекува Албанија пред празни трибини?

Репрезентацијата на Србија синоќа на домашен терен на „Рајко Митиќ“ доживеа дебакл од 0:5 против Англија во рамките од новото коло од квалификациите за следниот Мундијал. Се случија неколку инциденти на самиот

ВИДЕО: Воз што превезувал гас експлодираше во главниот град на Литванија

Вилнус, главниот град на Литванија, денес издаде наредба за евакуација на жителите во радиус од еден километар од железничката станица, откако воз што превезувал течен нафтен гас (LPG) се запалил и експлодирал

Успешно завршен проект за водоснабдување на ул. „Сру“ во Битола

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола успешно го заврши проектот за изградба на нова водоводна линија на улицата „Сру“ бр. 5. Во рамки на проектот се поставени современи полиетиленски цевки со нови

Формиран е Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за

Божиновска најавува иновации во енергетиката со поддршка од IFC

Денеска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, оствари продуктивна средба со г-дин Марсело Кастељанос, регионален менаџер за Југоисточна Европа на International Finance Corporation (IFC), задолжен за активностите во Романија, Хрватска,
Go toTop