За спроводот на избеганиот затвореник не била побарана полициска асистенција: Управата за извршување санкции ќе испитува пропусти во случајот

January 13, 2023
2 mins read

Управата за извршување санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ „Идризово“ и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница. Воедно, ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот, како и за пропустите што довеле до ваква разврска на целиот настан, велат од Министерството за правда

Министерството за правда преку писмено соопштение утрово информира за синоќешното бегство на осуденик од комбе на затворот „Идризово“ во кое е ранет припадник на затворската полиција и најави дека Управата за извршување санкции, која е под надлежност на Министерството, ќе ги испитува пропустите што довеле до настанот, како и дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на затвореникот.

Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје/Фото: Архива

Според соопштението на Правда, синоќа во 23:20 часот, додека припадници на затворската полиција со службеното возило на КПУ „Идризово“ го спроведувале 36-годишниот затвореник со иницијали Б.М. од затворот во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, заради укажување на лекарска помош поради повреда на десната рака, кај бензинската пумпа на „Лукоил“ на автопатот кон Скопје, биле пресретнати од возило марка „ауди“ со сива боја, кое им го блокирало патот.

Затвореникот во тој момент му го одзел пиштолот од футролата на затворскиот полицаец И.Х. кој го управувал комбето, пукал во него и го ранил во долниот дел на стомакот.

„Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице  се дало во бегство со патничкото возило `ауди`”,

се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Вработените во затворската полиција случајот го пријавиле во Секторот за внатрешни работи Скопје, а ранетиот затворски полицаец бил префрлен во болница на натамошно лекување.

По избеганиот затвореник, како што информираат оттаму, веднаш е издадена централна потерница, а со учесниците во настанот, односно со припадниците на затворската полиција биле извршени разговори од страна на надлежните на МВР.

Сега, како што се наведува и во соопштението од Правда, Управата за извршување на санкции ќе треба да одговори на прашањата што се наметнуваат во врска со филмското бегство на затвореникот, а се однесуваат на почитувањето на протоколите за спровод на осудено лице.

Она што дополнително им дава тежина на ваквите прашања е што станува збор за затвореник, кој издржувал затворска казна од 21 година, за убиство и за трговија со дрога.

  • Како се случило осуденикот да му го одземе пиштолот на затворскиот полицаец кој го управувал комбето на КПУ „Идризово“, дали седел до возачот?
  • Дали бил врзан, согласно протоколите, или рацете му биле слободни?
  • Дали станува збор за претходно добро организиран план за бегство, што според опишаните околности во соопштението од Министерството за правда наведува токму на вакво сценарио?

На овие прашања, но и на многу други, одговор се очекува да даде најавениот вонреден инспекциски надзор на Управата за извршување санкции на затворот „Идризово“.

Она што досега е утврдено, а е дел од пропустите што треба да се испитуваат и за кои ќе се утврдува евентуална одговорност, е дека не била обезбедена полициска асистенција за спровод на осуденикот во болница.

 „Управата за извршување санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ ‘Идризово’ и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница. Воедно, ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот, како и за пропустите што довеле до ваква разврска на целиот настан“,

велат од Правда.

Според Министерството, односно Управата за извршување санкции, затвореникот Б.М. бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Казната ја издржувал од 28 декември 2020 година, а му истекува на 17 април 2040 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руското мешање во американските избори 2016 на Твитер немало никакви резултати

Следно

Скопјанка касната од куче во Ѓорче Петров

Latest from Blog

Парамаунт го тужи Ворнер Брос поради договорот со Нетфликс

Парамаунт бара Ворнер Брос да објави дополнителни информации за акционерите да можат да донесат „информирана одлука“. Според наводите во тужбата, Ворнер Брос не го објаснил соодветно начинот на кој ја проценува вредноста

Трамп: Земјите што соработуваат со Иран ќе платат веднаш царина од 25%

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека секоја земја што „соработува со Исламската Република Иран“ ќе биде веднаш погодена со царина од 25%. „Секоја земја што соработува со Исламската Република Иран ќе

Епл го избра моделот на ВИ на Гугл, Џемини, за новата генерација на асистентот Сири

Компанијата Епл денеска официјално го потврди партнерството со фирмата Гугл, чии модели на вештачка интелигенција Џемини (Gemini) ќе ја придвижуваат новата генерација на асистентот Сири. Веста ја подигна пазарната вредност на Гугл

ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 12 СТЕПЕНИ ПОД НУЛАТА: Временска прогноза за утре и следните денови

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од -12 степени, а дневните до
Go toTop